5 турски серии на Netflix чии епизоди со задоволство ќе ги гледате

Како што знаеме, турските серии веќе речиси цела деценија се верни придружници кои секојдневно ја потполнуваат програмата на нашите телевизиски канали.

5-turski-serii-na-Netflix-chii-epizodi-so-zadovolstvo-kje-gi-gledate 01 630x340.jpg

„1001 ноќ“, „Кога лисјата паѓаат“, „Сулејман Величествениот“, „Долина на волците“, „Вљубениот ерген“, „Ќерките на Фазилет“ и уште многу други. Но, овој пат станува збор за нешто поинакво.

Најпрочуената стриминг-платформа Netflix изобилува со најразлични турски серии кои навистина вреди да се погледнат.

За разлика од сериите емитувани кај нас, овде е видлив преплетот на мистерија, драма, романса и тензичност кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Во продолжение ви ги издвојуваме 5-те најдорби турски серии на Netflix:

1. Заштитник - The Protector 

Хакан е младo момче, чиј современ свет се врти наопаку откако дознава дека е поврзан со таен антички поредок, чија задача е да го заштити Истанбул од бесмртниот непријател.

Тој се бори да избере помеѓу неговите должности како Заштитник и новата љубов со која се среќава.

Подоцна, непочитувајќи ги своите тренинзи и должности како Заштитник, тој дознава дека бесмртната крв содржи тајна моќ. 

;

2. Подарок - The Gift 

Серијата го следи животот на Атије, млада, убава и амбициозна сликарка која води „совршен“ живот во Истанбул.

Таа има прекрасно семејство, богато и сакано момче, блискава кариера.

Но, нејзиниот совршен живот наскоро ќе се промени преку откритието направено во најстариот храм на Земјата, Гобеклитепе.

Археологот по име Ерхан, открива симбол во урнатините, симбол што ја поврзува Атије со Гобеклитепе на мистериозен начин.

Овие сомнежи ќе ја поттикнат Атије да започне потрага со која ќе ги открие тајните на нејзиното минато, тајни скриени во античките урнатини. 

3. Дворот - The Yard

Жена влегува во затвор, обидувајќи се да воспостави своја правда.

Жените во затворот се принудени да се откажат од својата слобода, се борат во Каракују против својот ред и нивните сопствени закони, каде несреќата е во постојана трка со болката.

4. Ѓонул - Gonul

Медицинска сестра бега од свршеникот кој е хирург, откако ги открива неговите темни тајни.

Подоцна, таа повторно ја наоѓа љубовта во човек со мисија за одмазда, но една сообраќајна несреќа менува сè. 

;

5. Бесмртни – Immortal

Дејствието е поставено во прекрасниот Истанбул и се врти околу вампирот Миа (Елчин Сангу) кој сака да го убие вампирот кој ѝ напакости, Дмитриј (Керем Бурсин), такашто таа повторно ќе стане човек.

За да може до исполни својот пеколен план, Миа најпрво треба да ја добие довербата на Дмитриј.

;

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg