Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Напнати филмови со високи оценки кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Подготвени за малку мистерија која ќе направи да сте напнати во текот на целиот филм и ќе ве остави со подзината уста на крајот?

Napnati-filmovi-so-visoki-ocenki-01.jpg

Фаворитот на овогодишните оскари, корејскиот Parasite е филм што припаѓа во категоријата „must see“ за оваа година, а кои се останатите 9? Еве што препорачуваме:

Parasite

Корејското ремек-дело кој е еден од главните фаворити за оскар оваа година во категоријата најдобар филм и најдобро филмско остварување од странско говорно подрачје, несомнено ќе ве остави без зборови.

Семејството на Ki-taek се „џаболебари“ кои не работат апсолутно ништо во животот. Но кога нивните животи ќе се испреплетат со оние на богатото семејство Парк започнува идилата… или хоророт на сиромашното семејство од предградието.

The Guilty (Den skyldige)

Во овој неверојатен дански трилер, полицаецот Asger Holm добива повик од жена која тврди дека е киднапирана. Обидувајќи се за ѝ помогне, во трка со времето, Asger почнува да го отплеткува клопчето на мистериите, а работите не се онакви какви што тој мисли дека се.

Uncut Gems

Адам Сeндлер го глуми Хауард Ратнер, златар и зависник од коцкање во Њујорк. Тој мора да го врати во своја сопственост скапоцениот камен со цел да ги исплати долговите.

Green Room

Панк рок група е принудена да се бори за опстанок, откако членовите се сведоци на убиство во барот познат како сврталиште на неонацисти.

The Place Beyond the Pines

Возач на мотор познат по своите атрактивни акробации, со цел да им овозможи добар живот на сопругата и детето, се вплеткува во криминални активности. На овој начин го привлекува вниманието на полицаец од службата и наскоро нивните животи се судираат, што е погубно за двете семејства.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg