Холивудски актери и актерки кои повеќе не добиваат добри улоги


Холивудски актери и актерки кои повеќе не добиваат добри улоги

Само затоа што во еден момент целиот свет знае за вас, не значи дека тоа ќе трае засекогаш.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-01.jpg

Ситуацијата може да се смени многу лесно и за брзо да ја изгубите вашата популарност.

Ова најдобро го знаат актерите и актерките кои Холивуд целосно ги заборави.

Без разлика дали имале кратка слава во детството, изгубиле допир со фановите или, едноставно, сами ја уништиле својата кариера, денес многу актери се без работа.

Изминативе неколку години филмската индустрија како целосно да се промени, па добивањето улога стана потешко. Всушност, актерите кои се сметаа за едни од најдобрите, денес не добиваат ниту една улога.

Кои се актерите и актерките на кои Холивуд целосно заборави?

Хилари Свонк

Хилари беше најголемата холивудска ѕвезда, пред целосно да исчезне од филмската сцена.

И покрај тоа што има не еден, туку два Оскари, во последно време ѝ е тешко да добие добра улога.

Нејзините последни проекти не поминуваа најдобро, па со текот на времето се намали и нејзината популарност.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-02.jpg

Брендан Фрејзер

На крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, Брендан беше вистинска ѕвезда. Зарем има некој што не се сеќава на првите филмови од серијалот „The Mummy“?

Иако изминатава деценија актерот имаше неколку улоги, ситуацијата му се влоши после позајмувањето на гласот во „The Nut Job“ од 2014-та.

Фановите сметаат дека актерот се нашол во тешки животни околности, а многумина го критикуваат и неговиот сегашен изглед. Иако звучи сурово, изгледа дека ако не изгледате совршено, Холивуд брзо ќе заборави на вас.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-03.jpg

Фреди Принц Џуниор

Фреди ги освои срцата на гледачите со појавувањето во филмовите „Scooby-Doo“. Сите го сакаа и како машката медицинска сестра во „Friends“, но набрзо неговата популарност се намали.

Иако веќе не го гледаме пред камерата, Фреди го има позајмено неговиот глас во неколку проекти, вклучувајќи ја и анимираната серија „Star Wars Rebels“.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-04.jpg

Меколи Калкин

Меколи засекогаш ќе биде детето од „Home Alone“ и до денес важи за најпопуларните деца актери.

Но штом порасна, повеќе не се вклопуваше во неговите улоги од минатото, па со текот на времето целосно се откажа од Холивуд.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-05.jpg

Кетрин Хејгл

Кетрин не само што им беше омилениот лик на многумина што ја гледаат „Grey's Anatomy“, туку се појави и во неколку филмови.

Сепак, и покрај сиот успех, многумина избегнуваа да работат со неа бидејќи, наводно, актерката имала превисоки барања. Ова ја уништи нејзината репутација и денес ѝ е речиси невозможно да добие добра улога.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-06.jpg

Мајк Мајерс

Без разлика дали го знаете како Остин Пауерс, гласот на Шрек или по улогите во „Can in the Hat“ и „The Love Guru“, Мајк е актерот што ги оживеа нашите омилени ликови од детството.

Но денес, Мајк го нема никаде. Многумина веруваат дека сите што работеле на „Shrek“ се како проколнати, а Мајк е совршен пример за тоа.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-07.jpg

Кетрин Зета Џоунс

Кетрин е уште една холивудска ѕвезда која замина во заборав.

И покрај успехот со „Entrapment“, „Traffic“ и „Ocean’s Twelve“, изгледа дека во последно време, нејзините проекти не привлекуваат воопшто внимание.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емотивни филмови заради кои ќе пуштите и по некоја солза Истражувањата покажуваат дека речиси 92% од луѓето имаат плачено барем на еден ф...
Ако сите филмови и ТВ серии беа снимени во 2016-та... Денес светот е опседнат со модерната технологија, секој мора да носи облека по н...
Кој всушност беше главниот лик во „Friends“? Иако сите сакаме да веруваме дека сите шестмина беа главни ликови во серијата, н...