Холивудски актери и актерки кои повеќе не добиваат добри улоги

Тоби Мегвајер

Сите ќе го паметиме Тоби како Спајдермен. И покрај постојаните промени во „Spider-Man“ франшизата, изгледа дека Тоби ќе остане омилениот избор за главниот лик.

Сепак, после успехот со оваа, изгледа дека на актерот му е тешко да добие друга добра улога.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-09.jpg

Аманда Бајнс

Аманда го доживеа најголемиот успех во 2000-тите. Со многу филмови, серии и позитивни критики, сите ѝ предвидуваа светла иднина.

Но, нештата тргнаа на лошо во 2012-та, кога Аманда почна да има проблеми со законот. Подоцна се откри дека актерката имала и проблеми со менталното здравје.

Иако, за среќа, сега била во ред, тешко дека некогаш ќе го повтори својот успех.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-10.jpg

Камерон Диаз

Уште на почетокот на нејзината кариера во 90-тите, сите се вљубија во Камерон, но неодамна таа се откажа од актерството.

Нејзиниот последен филм беше римејкот на „Annie“, што не помина баш најдобро. Покрај тоа, актерката беше дел од екипата на „Shrek“, па можеби и таа ја „закачила“ клетвата како Мајерс.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-11.jpg

Шија Лабаф

Актерот ја започна кариерата со Дизни, а се најде и во неколку успешни филмски проекти, вклучувајќи ги „Holes“, „Transformers“ и „Disturbia“.

Но додека неговата кариера цутеше, лошото однесување му донесе многу проблеми. Веројатно поради ова, ретко кој се осмелува да го побара.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-12.jpg

Џон Траволта

Кариерата на Џон трае со години, но на актерот му станува сè потешко да добие добра улога.

Многумина беа возбудени за неговото појавување во филмот „Gotti“ од 2017-та, но проектот беше откажан само 10 дена пред премиерата.

Кога филмот сепак почна да се прикажува во киносалите во 2018-та, сите беа разочарани.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-13.jpg

Тејлор Лотнер

Уште на многу рана возраст Тејлор доби улоги во „Sharkboy & Lavagirl“, „Cheaper By the Dozen“ и, се разбира, „Twilight“.

И покрај огромниот успех во вампирската сага, се покажа дека Тејлор не е актер достоен за Холивуд.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-14.jpg

Мег Рајан

Кога целиот свет дозна за Мег, сите беа убедени дека ќе има блескава кариера. Во еден од нејзините најдобри филови, „Sleepless in Seattle“, таа се појави со Том Хенкс, но изгледа тоа беше крајот на нејзиниот успех.

Сепак, Мег и денес има огромен број фанови кои се надеваат на нејзиното враќање на филмското платно.

akteri-i-akterki-na-koi-holivud-celoso-zaboravi-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg