Предлог филмови за деца – одлични за деновите кога цело семејство е на купче дома

Ако имате мало дете, веројатно досега ви се смачи од гледање цртани наменети само за деца.

odlichni-fimovi-za-deca-vo-koi-kje-uzhivaat-i-vozasnite-01.jpg

За среќа, некои режисери ги земаат предвид и родителите, па создаваат филмски ремек-дела во кои ќе уживаат и децата, и возрасните.

Па, за следната филмска вечер со вашето малечко, изгледајте некој од следниве предлози:

Remi sans famille

Филмот е адаптација на новелата Sans Famille и е вистинско уживање за целото семејство.

Приказната почнува во едно сиропиталиште, каде што еден стар човек им раскажува на децата за неговото детство. Човекот се вика Реми и имал прекрасно детство, сè додека татко му не го снашла неволја.

Реми за малку ќе завршел во сиропиталиште, но благодарение на поранешниот виолинист Витлис, неговиот живот почнува да се движи во нова насока.

Mrs. Doubtfire

Нема да погрешите со ниту еден филм во кој главната улога му припаѓа на Робин Вилијамс.

Во оваа слатка приказна, главниот лик Даниел Хилард се соочува со развод. Проблемот е што тој има три деца кои неизмерно ги сака, а сега не може да го минува времето со нив.

Откако Даниел ќе разбере дека поранешната сопруга бара дадилка за децата, тој ги презема работите во негови раце – се преправа во извесна госпоѓица Даутфаер и се пријавува за огласот.

Matilda

Се сеќавате ли на паметната Матилда којa можеше да мрда предмети со нејзините мисли?

Матилда е девојче кое сака книги, но расте во ужасно семејство. Додека во домот мора да се справи со лошите родители, на училиште непријателот е злобната директорка.

Набрзо Матилда открива дека има неверојатна моќ – може да ги мрда предметите околу неа само со нејзините мисли. Па, одлучува да го искористи ова во нејзина корист.

I Kill Giants

Барбара е млада и понекогаш осамена девојка која е огромен фан на играта Dungeons and Dragons. Девојчето има бујна фантазија и верува дека нејзиниот град е мета на џинови од некој друг универзум, па си дава задача да ги најде и да ги убие.

Сите ѝ велат дека џиновите не постојат, но Барбара не се откажува така лесно.

Incredibles 2

Ова е долгоочекуваното продолжение на The Incredibles од 2004-та. И овојпат филмот се фокусира на семејството неверојатни суперхерои, а дејството се случува кратко по настаните од првиот дел.

За разлика од првиот филм, овојпат мајката е пратена на мисија, а таткото мора да се справи со трите деца, од кои секое си има своја супермоќ.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg