Предлог филмови за деца – одлични за деновите кога цело семејство е на купче дома

Nancy Drew and the Hidden Staircase

16-годишната Ненси останува без мајка, а по нејзината смрт, таа и татко ѝ се преселуваат во нов град. Додека Ненси се обидува да се вклопи во новото опкружување, таа ја сретнува Флора, постара жена која е убедена дека нејзината куќа е опседната.

Ненси, секогаш жедна за мистерија и авантура, одлучува да преспие во домот на Флора. Истата вечер, во куќата почнуваат да се случуваат многу чудни нешта…

Honey, I Shrunk the Kids

Вејн е научник кој дава сè од себе да направи машина за смалување предмети, но никако не му успева.

Вејн има и сопруга и две деца – тинејџерката Ејми и помалиот Ник, кој очигледно ја наследил интелигенцијата од татко му.

Вејн е убеден дека неговата машина не работи, но неговите деца, без негово знаење, се смалуваат со неа. Сега, тие треба да најдат начин да им соопштат на родителите за новонастанатата ситуација, а притоа да се справат со сите предизвици и опасности.

Storm Boy

Ова е приказна за малиот Мајкл кој живее на изолиран залив со неговиот татко. Еден ден, тој наоѓа и спасува мали пеликани и одлучува да се грижи за нив.

Момчето гради неверојатна врска со птиците и откако сфаќа дека е време да ги ослободи, едниот пеликан се враќа. Ова е навистина слатка приказна што нема да ве остави рамнодушни.

Flubber

Уште еден филм со Робин Вилијамс во главната улога. Овојпат, актерот го гледаме во улогата на научникот Филип, кој се обидува да најде нов извор на енергија.

После многу експерименти, тој успева да создаде чудна зелена и еластична супстанца која ја нарекува Флабер.

Но, се чини дека Флабер не следи наредби и му приредува вистинска авантура на Филип.

The Princess Bride

Ако вашето дете сака приказни со принцези и херои, овој филм е задолжителен. Princess Bride веќе се смета за класика, и тоа со причина.

Филмот раскажува за едно момче кое се обидува да ја најде својата сакана. На неговиот подвиг, тој сретнува неколку необични ликови, секој со свои проблеми, и се соочува со секакви непријатели и незгоди.

Ralph Breaks the Internet

Ова е продолжението на популарниот анимиран цртан Wreck it Ralph. Овојпат, главните ликови Ралф и Пенелопи излегуваат од нивните игри и влегуваат во чудниот свет на интернетот.

Иако филмот е анимиран, изобилува со многу шеги за возрасни и го прикажува виртуелниот свет на интернетот од навистина интересна перспектива.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg