Најпопуларните ситком серии што ќе ви го исполнат слободното време

Ситком сериите се навистина забавни, најмногу бидејќи лесно можеме да се пронајдеме во животните ситуации на ликовите.

zabavni-sitkom-serii-shto-kje-vi-go-ispolnat-slobodnoto-vreme-01.jpg

Истовремено, овие серии обично имаат и по многу епизоди, па долго не мора да мислите што ќе гледате. Сериите во продолжение обработуваат различни теми и се вбројуваат помеѓу најдобрите на сите времиња.

Ако барате серија со забавни ликови, исполнета со неочекувани, смешни и понекогаш апсурдни ситуации, тогаш сигурно ќе ви се допадне нешто од оваа листа:

Arrested Development (2003 – )

Главните ликови во серијата се членовите на семејството Блут. Некогаш ова семејство било навистина богато, но поради сплет на околности го изгубило овој статус. Сепак, членовите на семејството продолжуваат со луксузниот живот, и покрај тоа што не можат да ги со го дозволат.

Parks and Recreation (2009 – 2015)

Дејството на серијата е сместено во измислениот град Пони, Индијана, а главните ликови се вработените во Одделот за паркови и рекреација. Лесли Ноуп е директорка на одделот и навистина дава сè од себе за нејзиниот град, но нејзините колеги не го делат истиот ентузијазам.

https://www.youtube.com/watch?v=9djCOPHOvOw

It’s Always Sunny in Philadelphia (2005 – )

Забавна серија во која едниот од главните ликови е незаменливиот Дени Девито. Дејството се фокусира на тројца мажи и една жена кои водат локален паб, а во втората сезона им се приклучува и Дени Девито. Ликовите запаѓаат во најапсурдните ситуации, а ако сакате црн хумор, нема да најдете подобра серија од оваа.

That ’70s Show (1998 – 2006)

Ова е постара серија на која вреди да ѝ дадете шанса. Главните ликови се неколку средношколци од Висконсин, а дејството е сместено во 70-тите. Иако воглавно ликовите се тинејџери, серијата ќе им биде особено забавна на возрасните бидејќи изобилува со шеги и референци од минатото.

Покрај тоа, ова е серијата што ги прослави Ештон Кучер и Мила Кунис.

https://www.youtube.com/watch?v=WqYAM-2OKZM

Scrubs (2001 – 2010)

Ако ви е преку глава од Grey’s Anatomy, но сакате серии со слична тема, тогаш Scrubs е совршениот избор за вас.

Главните ликови се неколку лекари практиканти кои само што завршиле медицински факултет. Главниот лик, Џон Доријан, е несекојдневна личност, а заедно со неговиот најдобар пријател се соочуваат со сите предизвици што им ги приредува животот во болницата. Можеби најинтересниот дел од серијата е постојаното мечтаење на Џон и неговите чудни фантазии.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg