Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпопуларните ситком серии што ќе ви го исполнат слободното време

Malcolm in the Middle (2000 – 2006)

Слично како That ’70s Show, главните ликови се деца, но оваа серија дефинитивно е за возрасни. Главниот лик, Малком, има двајца браќа, а сите заедно важат за најлошите деца во соседството.

Оваа серија можеби најреално прикажува како изгледа животот со три машки деца и многу ниска плата.

Rick and Morty (2013 – )

Ова е можеби најпопуларната серија помеѓу помладата публика и стана вистински феномен уште пред да заврши првата сезона.

Рик е научник и можеби најпаметниот човек во универзумот, кој се вселува со семејството на неговата ќерка. Заедно со внук му, 14-годишниот Морти, тие одат на секакви авантури, низ многу различни димензии и реалности.

Иако на прв поглед серијата изгледа наивно и детинесто, обработува интересни и комплексни теми што ќе ве натераат да размислувате.

The IT Crowd (2006 – 2013)

За жал, оваа серија има многу малку епизоди, но ќе уживате во секоја од нив.

Главните ликови се Морис и Рој кои се техничка поддршка во една фирма и воопшто не сакаат други луѓе. Во канцеларијата му се придружува и Џен, која станува раководител на нивниот оддел и покрај тоа што не знае буквално ништо за информатика.

Futurama (1999 – 2013)

Ова е анимирана серија, сместена 1000 години во иднината. Главниот лик, Фрај, случајно завршува во машина за хибернација и се буди дури во 3000-та година. Набрзо сфаќа дека светот што го знаел одамна исчезнал и сега мора да се адаптира на животот во иднината.

Серијата изобилува со безброј референци, чудни изуми, уште почудни ликови и навистина интересна визија за иднината.

https://www.youtube.com/watch?v=0rY0HJT_CvM

Two and a Half Men (2003 – 2015)

Во оваа серија се чини како Чарли Шин да се глуми самиот себеси – тој е успешен композитор на музика за реклами, има куќа на плажа во Малибу и е вистински женкар. Еден ден кај него доаѓа брат му Алан, кој нема среќа ни во љубовта, ни во професионалниот живот, и останува да живее со него. Со Алан се вселува и неговиот син, 10-годишниот Џејк, и Чарли се обидува да се приспособи на новиот начин на живот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg