10 тематски филмови идеални за „Ноќта на вештерките“

На 31-ви октомври се прославува Ноќта на вештерките. Во последните неколку години и кај нас почнува да се обрнува внимание на „празникот“, па сè почесто гледаме прослави и маскирани луѓе.

filmski-predlozi-sovrsheni-za-nokjta-na-veshterkite-01.jpg

За жал, годинава сите вакви прослави ќе бидат откажани, па зошто да не ја искористите можноста да прославите во домашна атмосфера со некој добар филм?

Погледнете неколку филмски предлози кои се одлични за Ноќта на вештерките:

Hocus Pocus

Овој филм веќе е класика и ако не сте го погледнале досега, дајте му шанса на Ноќта на вештерките. Покрај тоа, дејството на филмот, но и самото снимање се одвивало во Сејлем – градот кој е најпознат по вештерките.

Филмот раскажува за трите вештерки, сестрите Сандерсон, кои случајно се враќаат во живот поради љубопитноста на неколку деца. Сега, вештерките сакаат да ги убијат сите деца во градот, па оние кои ги „разбудија“ се обидуваат да ги сопрат.

The Addams Family

Сите знаеме кое е семејството Адамс, а овој филм е одлична екранизација на стриповите. Во филмот се појавуваат сите ексцентрични членови на семејството – Мортиша и Гомез, Фестер, децата кои постојано се обидуваат да се убијат едно со друго… Приказната во филмот е одлична, дијалозите се многу забавни, па сигурно ќе уживате и ќе се забавувате.

Beetlejuice

Во овој филм на Тим Бартон се собрани некои од најдобрите актери од 80-тите и 90-тите, како Мајкл Китон, Алек Болдвин Џина Дејвис и Винона Рајдер. И ова е филм за опседната куќа, но од малку поразлична перспектива - овојпат мртвите, или духовите, се обидуваат да ги истераат живите од нивната куќа со помошта на еден необичен лик.

Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street

Ако сте расположени за морничав мјузикл, нема да погрешите со Sweenеy Todd. Главниот лик, кој го глуми Џони Деп, е бербер кој почнува да ги убива неговите муштерии. Набрзо му се придружува и неговата сосетка, која ја глуми Хелена Бонам Картер, која има пекара и почнува да продава пита со месото од жртвите на берберот.

The Exorcist

Претходните филмови можеби се сметаат за хорори, но тешко дека ќе ве исплашат. Затоа, пак, нема да најдете пострашен филм од The Exorcist. Главниот лик во филмот е малата Реган кој почнува да покажува знаци на „демонска опседнатост“. Не знаејќи што други да прави, мајка ѝ бара помош од свештеник.

Иако филмот е стар речиси половна век, специјалните ефекти се толку добри, што до ден денес важи за еден од најстрашните.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg