Филмски ремек-дела кои полнат 20 години – задолжително треба да ги изгледате барем еднаш во животот

Vanilla Sky

Дејвид Ејмс работи во издаваштво и има практично сè што ќе посака, навидум совршен живот. Но, неговата перспектива на гледање на нештата се менува откако ќе ја запознае прекрасната Софија.

Training Day

Детективот Алонзо, постар офицер за наркотици, мора да му одржи еднодневна обука на Џејк Хојт. Сепак, Хојт дознава дека методите на Алонзо се неетички и наскоро сфаќа дека е дел од измама.

Spy Game

Кога Нејтан, врвен оперативец во ЦИА на ден пред неговото пензионирање, дознава дека неговиот пријател е заробен во Кина, тој крои неверојатен план за да го ослободи од кинеските власти.

K-PAX

Роберт, ментално нестабилен пациент, се обидува да го убеди болничкиот персонал дека потекнува од планетата наречена K-PAX. Иако се скептични, лекарите од институтот се изненадени, но и збунети од неговите необични карактеристики.

Ocean’s Eleven

Дени Оушн, измамник, крадец и поранешен затвореник собира група од 11 лица во обид да ги ограби трите најпопуларни казина во Лас Вегас во сопственост на неговиот ривал, Тери Бенедикт.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg