Како изгледаат и што прават актерите од „Волшебнички“, 23 години по премиерата? (фото)

Првата епизода од популарната серија „Волшебнички“ се емитуваше во далечната 1998 година и иако кај нас „пристигна“ нешто подоцна, ни се чини дека помина цела вечност откако сонувавме и ние да бидеме волшебнички како сестрите Халивел.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-01.jpg

Со нетрпение чекавме да видиме со што ќе се соочат Фиби, Пајпер и Пру, која подоцна беше заменета со Пејџ, и како ќе го победат злото и сите посакувавме „Книга на сенките“ полна со магии и приказни за магични суштества.

Поминаа 23 години од премиерата на серијата и оттогаш до денес главните актери се променија многу. Некои ја продолжија кариерата, некои се соочија со тешки предизвици, а некои им се посветија на други области.

Што прават и како изгледаат денес главните актери од „Волшебнички“?

Шенон Доерти – Пру Халивел

По завршувањето на серијата, Шенон ја продолжи кариерата во забавната индустрија и како актерка, и како продуцент. Таа се појави во неколку ситком серии, беше дел од неколку ријалити шоуа и беше продуцент на телевизиски емисии.

За жал, актерката беше дијагностицирана со рак на дојката, но вели дека не дозволува болеста да ѝ ја украде радоста во животот.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-02.JPG

Алиса Милано – Фиби Халивел

По „Волшебнички“, Алиса се појави во неколку филмови и серии, а сега ќе биде дел и од нова серија на Нетфликс. Актерката доста често снима реклами и неретко се појавува на насловни страници на некои од најпознатите магазини во светот.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-03.JPG

Холи Мери Комбс – Пајпер Халивел

Холи имаше важна улога во популарната серија „Pretty Little Liars“, а се појави и во неколку филмови. Пред година-две таа стапи во брак со Мајк Рајан – сопственик на ресторан – и ова е нејзиниот трет брак.

Знаевте ли дека нејзината изведба во „Волшебнички“ е толку добра, што неретко таа е нарекувана една од најдобрите вештерки во историјата на телевизијата?

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-4.JPG

Роуз Мекгован – Пејџ Метјус

Роуз Мекгован се има појавено во неколку филмови, но обично добива мали улоги. Актерката често се појавува и во музички спотови, а во 2018-та заплива и во музичките води со албумот „Planet 9“.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-05.JPG

Брајан Краус – Лео Вајат

По завршувањето на снимањето на „Волшебнички“, Брајан беше дел од многу филмски и телевизиски проекти. Моментално тој го глуми едниот од главните ликови во новата серија „Cypher“.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-volshebnichki-23-godini-po-premierata-foto-6.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg