10 нови филмови кои со нетрпение ги очекувавме – идеални за есенските денови

Оваа година изобилува со неверојатни нови остварувања кои мора да признаеме дека ги очекувавме многу долго. Особено новиот Џејмс Бонд филм, чија премиера беше неколкупати одложена поради пандемијата. Ова е последната филмска улога за Даниел Крег како агентот 007, што значи дека дотолку вреди да се изгледа.

10-novi-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvavme-ovaa-esen-01.jpg

Впрочем, кои други нови филмови со нетрпение ги очекувавме?

Venom: Let There Be Carnage

Еди Брок сè уште се обидува да коегзистира со вонземниот отров што го менува неговиот облик. Кога опасниот сериски убиец Клетус Касади, исто така, станува домаќин на вонземското суштество познато како „симбиод“, Еди и Веном мора да ги остават настрана своите разлики за да го спречат теророт на Касади.

Dune

Пол Атрејдес, брилијантен и надарен млад човек, мора да патува до најопасната планета во универзумот за да ја осигури иднината на неговото семејство и неговите луѓе.

The Last Duel

Кралот Чарлс VI изјавува дека витезот Жан де Карож треба да го реши својот спор со неговиот војвода предизвикувајќи го на дуел.

No Time To Die

Џејмс Бонд ужива во мирен живот на Јамајка, пензиониран од активна служба. Сепак, мирот е краткотраен бидејќи неговиот стар пријател од ЦИА, Феликс Лајтер, се појавува и ја бара неговата помош, а мисијата вклучува мистериозен негативец кој е вооружен со опасна нова технологија.

Escape Room: Tournament of Champions

Шестмина странци се наоѓаат затворени во втората серија од суровите „Соби за бегство“, полека откривајќи го она што им е заедничко за да преживеат – откриваат дека сите тие ја играле играта претходно.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg