10 маестрални историски филмови кои сликовито ќе ве пренесат во една друга ера

Greyhound, 2020

Greyhound е историска воена драма филм која ја раскажува приказната за командантот на американската морнарица Ернест Крауз, неискусен офицер, кој е назначен да води сојузнички конвој преку Атлантикот за време на Втората светска војна.

Неговата задача сепак се покажува како тешка бидејќи конвојот го следат германски подморници.

Elizabeth: The Golden Age, 2007

Владеењето на протестантската кралица Елизабета Тудор I го оспорува католичкиот крал Филип од Шпанија.

Елизабета која пркоси со моќ наредува обезглавување на нејзината католичка братучетка Марија, кралица на Шкотите, следната во редот за тронот. Бидејќи папството сега е против неа, Елизабета се подготвува за војна.

The Iron Lady, 2011

Овој биографски филм е базиран на животот и кариерата на Маргарет Тачер, британска политичарка, која не само што беше првата жена што стана премиер на Обединетото Кралство, туку беше и премиер со најдолг стаж.

Додека таа се обидува да се помири со смртта на нејзиниот сопруг, овој филм сликовито ни го покажува патот од обична жена до британски премиер.

Battle of Neretva, 1969

Драма од Втората светска војна за битката околу реката Неретва во 1943 година помеѓу силите на Оската и југословенските партизански единици. Со сигурност еден од најпознатите југословенски филмови.

Apollo 13, 1995

Филмот е базиран на прекинатата лунарна мисија Аполо 13 од 1970 година и го следи Џим Ловел и неговиот тим додека се подготвуваат да летаат со Аполо 13, третата мисија на НАСА за слетување на Месечината.

По лансирањето сè е во ред, додека експлозијата во една од резервоарите за кислород не ги доведува во опасност животите на астронаутите. Назад во НАСА, Кранц, Џон Арон и Кен Метингли се борат безбедно да ги вратат астронаутите.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg