Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тамара маестрална на концертот за Кочани - започна со 1-минутен молк, пееше со грутка во грло и солзи во очи, ја сплоти публиката (видео)

Тој одржа емотивен говор, во кој кажа дека тимот работи 24/7 за да помогне, но дека ова не е крај, и дека ваквите настани за пример треба да продолжат бидејќи за жал, борбата на некои од повредените и нивното закрепнување ќе трае со месеци, па и години, а чини многу пари.

Потоа, Ненад зема гитара и отсвире и испеа тажна песна, која ја посвети на сите оние кои го загубија животот во трагедијата во Кочани.

tamara-maestralna-i-mokjna-na-koncertot-za-kochani-zapochna-so-1-minuten-molk-peeshe-so-grutka-vo-grlo-i-solzi-vo-ochi-ja-sploti-publikata-video-lj-02_copy.jpg

Тамара со прегратка го испрати Ненад, ја поздрави целата екипа, а потоа со солзи во очите и грутка во грлото, најави дека ќе ја отпее „Кога те нема“ од Кире Костов, а ѝ ја посвети на Сара Пројковска чиј живот згасна во пожарот, а со која долги години соработуваа на музички проекти.

„Сарче, ова е за тебе“ – рече таа низ солзи и извонредно ја изведе нумерата која болеше и имаше уште посилно значење со своите моќни стихови.

На изненадување на публиката, на концертот имаше повеќе гости од очекуваното, па таа изведе неколку песни заедно со Игор Харе, а потоа се потсети и на нејзиниот најдобар пријател и колега, Влатко Илиевски, кој исто така повеќе не е меѓу нас.

tamara-maestralna-i-mokjna-na-koncertot-za-kochani-zapochna-so-1-minuten-molk-peeshe-so-grutka-vo-grlo-i-solzi-vo-ochi-ja-sploti-publikata-video-lj-04_copy.jpg

„Џамбазов изгледа ја напиша оваа песна за засекогаш да останеме гушнати со Влатче – ова е за тебе брат“ – извика Тамара гледајќи нагоре и емотивно ја отпеа нивната заедничка балада „Гушни ме“.

Секако, концертот не можеше да помине без нејзиниот долгогодишен соработник, за кого вели дека ѝ е и како брат, а стои зад голем број нејзини песни, Роберт Билбилов.

Тој ја придружуваше на синтисајзер, додека таа ги пееше „Proud“, која им ја посвети на Хана и Дарен, „Тажна љубов среќна песна“ и преработката на „Време за плачење“, која ја изведе со посебна емоција и длабоко допре до душата на секој еден присутен со нејзиниот врвен вокал кој уште ни одекнува во главата.

На сцената таа донесе посебна енергија, а многу беше искрена пред публиката, па во еден момент кога направи мал лапсус со евровизиската песна, се пошегува на своја сметка и рече: „Чекај, пак го згрешив текстот“.

За крај, таа успеа да ја изведе химната на животот „Ако утре ме нема“ од ДНК – болката и тагата беа присутни во секоја нота и секој стих, но сите во еден глас пееја со неа со солзи во очите.

„Ќе успеам, ќе се потрудам да ја отпеам химната на животот и ќе му посакам на Панчо што поскоро да ни се врати, да биде силен и да знае дека многу многу го сакам и му ја даваме сета љубов, сила и енергија која му е потребна за да се врати“ – рече таа, а кога засвире трубата, солзите во очите на публиката се полнеа, кожата се ежеше, душите се стегаа.

Кликнете на видеото:

„Фала ви многу, многу ве сакам. Ова е најемотивниот концерт во мојот живот, ќе го паметам додека сум жива“ – со овие зборови таа го заврши маестралниот концерт на кој ја остави душата и срцето, концерт кој беше исполнет со толку многу измешани емоции, спомени и сплотеност, а нејзините деца се качија на сцена и ѝ подарија цвеќе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg