„Бев на Златна Бубамара 2026 - Игор нè доведе до солзи за ангелите од Кочани, Сашко Коцев не се појави“
Тој доби награда за животно дело од рацете на прекрасната Вера Мештеровиќ и ѝ се обрати:
„Кога првпат ја испеав „Чудна жена беше Вера“, Вера беше многу мала, но сега Вера колкууу пораснала - во прекрасна жена“.
Потоа се пошегува дека 29 како број (29-то издание), му е омилен, бидејќи на тој ден е роден, а пак, син му е роден на 29.02, па шеговито јавно му се заблагодари со тоа што го штеди, што слави роденден на секоја 4-та година.
„И благодарност до сопругата која ме испраќа и дочекува од настапи, сите овие години“, додаде доза на романтика нашиот доајен.
Потоа, на сцената се појави малата, но голема и спектакуларна Снешка, Снежана Коневска Руси, со која пораснаа многу генерации, и која доби награда за трајни вредности. „Дајте музика“ и Снешка, сигурно и вие имате вакви спомени...
Награда за животно дело доби и македонскиот Салвадор Дали, академикот Васко Ташковски.
Инаку, Тино и Атанас ги видовме на сцената 1 час по почетокот на настанот, во црни елегантни одела, со фокус на темата дека мора да се зборува за убави работи само и за убави луѓе, бидејќи така кажал премиерот.
И дека затоа ќе ги споменат Марјана и Вера Мештеровиќ, но никако Стојанче Ангелов. Па, се пошегуваа за градоначалникот на Скопје, кој е од Драчево.
Па, ја отпеаја и песната за Максим Димитриевски.
И годинава многу ми се допадна сета ретро ностагија со сите безвременски хитови од регионот кои беа изведени, а прва беше Весна Писаровиќ со нејзината „Да знаш“.
Една од нашите најубави актерки Нина Деан излезе на сцената и додели две награди.
За најдобра млада актерка беше наградена Нина Елзесер, која видно возбудена истакна дека никогаш не се запишала на глума за слава и пари, туку само од љубов кон уметноста.
За најдобар млад актер беше прогласен актерот Тони Денковски, кој ја посвети наградата на мајка си.
Најдобрата театарска претстава, пак годинава е „Пар распар“, во Театар Комедија, за каде Тино се пофали дека имаат нови столчиња, топ за дремење.
Сцената потоа ѝ припадна на гламурозната и елегантна Катарина Ивановска која ѝ ја предаде наградата на Александра Радовиќ, за најдобра пејачка во регионот.

Александра во впечатлив светкав фустан ја изведе легендарната „Чувам те“ и буквално ни ги стопи срцата.
Имаше шеги и за Усје и за загадениот воздух и за вештачката интелигенција, пред на сцената актерите Ана Митиќ и Антонио Ташковски да отпеат сплет песни од „Црвена Јабука“ и да им ја дадат наградата за трајни музички вредности.
Црвена Јабука ни ја изведоа „Са твојих усана“ и додадоа на ретро магијата што владееше ноќта.
Потоа, следуваше настап на Тони Зен со одлична танчарска точка.
