„Бев на Златна Бубамара 2026 - Игор нè доведе до солзи за ангелите од Кочани, Сашко Коцев не се појави“
Наградата за спортска легенда ја доби кошаркарот Влатко Илиевски, препознатлив по неговото култно „Леле, што направивме“.
Тој им се заблагодари и на татко си и на нашиот починат претседател Борис Трајковски.
Кристина Димитри од Државна Лотарија, модно издоминира во елегантен црвен фустан и му ја додели наградата за најдобар фолк концерт на Влатко Миладиноски.
Влатко го разбуди патриотот во секој од нас со настапот, каде имаше и македонско знаме и етно дезени и наши талентирани игроорци.
Награда за животно дело зема и Владо Јаневски, кој на сцената ја изведе песната „Принчипеса“.
За жал, и годинава, луѓето од публиката почнаа да си заминуваат уште во 23:20 часот, на околу 20 минути пред самиот крај на манифестацијата, кој беше во 23:40 часот.
Игор најави дека доаѓа крајот на манифестацијата и дека годинава Ранко како што ветил место 4 и пол часа, настанот траел 3 и пол часа.
И апел за догодина за сите присутни... Не брзајте ќе стигнете дома, испочитувајте ги уметниците докрај, дури и оние кои си одат последни.
И годинешната спектакуларна манифестација беше завршена со убава порака:
„Сакајте ја Македонија!“
