Лозано ја разнежни публиката на концертот во Скопје: На сцена со синот, минута аплауз за ДНК наместо минута молк
- Детали
- недела, 08 март 2026
Делеше рози на жените, побара минута аплауз за Андреј и Панчо од ДНК, неговите пријатели кои веќе ги нема, па заплака, ја посвети „Мајко“ на мајка си која беше во публиката... Лозано одржа концерт за кој долго ќе се зборува.

Влатко Лозаноски Лозано вчеравечер вторпат ја наполни арената „Борис Трајковски“.
Фанови од сите генерации се собраа за да уживаат во песните на момчето што плени со својот глас.


А тој, околу два часа пееше за мерак на сите присутни. Почна со „Мандарина“, па еден по еден се нижеа хитовите: „Кога мене ќе ме немаш“, „Јако јако“, „Километри“...
Кога ја запеа „Жена ко ти“, им го честиташе 8 Март на дамите во салата и подели неколку црвени рози на жените во првите редови.


Од публиката побара наместо него да ја испее „Сонце не ме грее“ и неколкупати повтори дека е среќен што на концертот чувствува многу љубов.
А вечерта изобилуваше и со многу емотивни моменти.


