Лозано ја разнежни публиката на концертот во Скопје: На сцена со синот, минута аплауз за ДНК наместо минута молк
Најпрво, Лозано на бина го изнесе својот син Марко, кој носеше маичка со натпис „Километри љубов за тато“.
А брзо потоа седна на пијаното и почна да пее дел од своите омилени македонски песни „Не кани ме“, „Громови на душа“ и „Сонце за три светови“.


Во тој момент се појави Мики Јовановски Џафер како гостин изненадување.
Претходно, Лозано ја испеа „Не те вадам јас од памет“ во дует со Александра Јанева и „Лебедот бел“ со Пере Нокаут.


Но кулминацијата на концертот се случи пред самиот крај, кога во чест на своите пријатели Андреј и Панчо од ДНК ги испеа „Срце“ и „ Што сака нека биде“, и побара публиката да направи ѕвездено небо за нив.
А наместо една минута молк, побара минута аплауз - и додека публиката ракоплескаше, Влатко се расплака понесен од емоциите.


По два часа на сцената, Лозано уште еднаш покажа зошто публиката го сака толку многу и зошто е еден од најдобрите кај нас - пееше со леснотија, се смееше, плачеше, а и самиот уживаше во својот концерт.
А концертот насловен „Километри љубов“ го заврши како што го почна, со „Мандарина“ и многу многу позитивна енергија.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
