Скриено исвиркувањето за влез на Израел во финале, Литванецот како вонземјанин - Впечатливи моменти од првото полуфинале на Евросонг '26
Од друга страна, имаше фантастично акробатско шоу кое беше поздравено со овации и громогласен аплауз.
Преставникот на Литванија влезе во финалето, а лицето му беше „офарбано“ сиво, па потсетуваше на вонземјанин.
Претставничката на Шведска настапи со маска на лицето, која не ја вадела ни на пробите ни на прес конференциите, a за да ја намали сопствената анксиозност, но и за да си ја задржи приватноста.
Легендарниот Бој Џорџ беше долго најавуван како учесник на Евросонг, и тоа како претставник на Сан Марино.
Неговиот настап траеше само неколку секунди.
А и покрај големото име што го има, Бој Џорџ „извиси“, откако Сан Марино ни годинава не се пласираше во финалето.

Во првото полуфинале настапија три бивши југословенски републики - Хрватска, Црна Гора и Србија.
Две од нив ќе пеат и во финалето во сабота, српскиот бенд „Лавина“ и хрватскиот „Лелек“, додека Црногорците не поминаа во финалето.