Скриено исвиркувањето за влез на Израел во финале, Литванецот како вонземјанин - Впечатливи моменти од првото полуфинале на Евросонг '26
Финската претставничка направи вистинско шоу и многумина ја сметаат за фаворит за победа.

На Твитер е објавено видео како изгледа нејзиниот перформанс во живо и моментите што не се гледаат на камера, а се фасцинантни (мора да го погледнете).
Но, се појави и шпекулација дека победата на Финска е загрантирана, а информацијата, наводно ја пренел некој што работи на обезбедување на шоуто и кој тврди дека слушнал како на Финците им е кажано дека ќе победат годинава.
Зад сцената на неколку наврати се случувала и вистинска драма поврзана со поддржувачи на Палестина.
На Твитер се споделуваат две видеа на кои се гледа како обезбедувањето извлекува луѓе од салата, поради нивните реакции против Израел.
А. Ј. | Црнобело