Вечерва на Охридско Лето: „176 Клучеви“ Боите на црното и белото

vecerva-na-ohridsko-leto-176-klucevi-boite-na-crnoto-i-beloto-1.jpg

Црква Св.Софија
23.07.2018
21:00 ч.

Вечерва во црквата Св. Софија, како дел од официјалната програма на Охридско Лето, ќе настапат пијанистката Сун Хи Јоу и пијанистот Марко Чампи, а нивниот заеднички проект е наречен „176 Клучеви“ Боите на црното и белото.

Пијанистката Сун Хи Јоу е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја воодушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби, таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на Барокот, па сè до дела од дваесеттиот век.

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, кој има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици.

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето.

vecerva-na-ohridsko-leto-176-klucevi-boite-na-crnoto-i-beloto-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg