Вечерва на Охридско Лето: Роберт Биша на пијано и изложба „Зад виножитото” на Калина Брајковска

vecerva-na-ohridsko-leto-robert-bisha-na-pijano-i-izlozba-zad-vinozitoto-na-kalina-brajkovska-1.jpg

Предворје на црква Св.Софија
10.08.2018
21:00 ч. 

Центар за култура Григор Прличев
10.08.2018
21:00 ч.

Вечерва во рамки на програмата на Охридско Лето, во предворјето на црквата Св. Софија ќе настапи албанскиот пијанист Роберт Биша, додека во истото време во Центарот за култура Григор Прличев изложба ќе има македонската уметница Калина Брајковска, која ќе ја претстави новата изложба под наслов „Зад виножитото”.

Роберт Биша е неверојатно талентиран пијанист и композитор, генијален импровизатор и еден од најталентираните мултиинструменталисти денес. Неговата музика е современа, со елементи на авангардниот џез. Свири на електрично пијано, правејќи ремиксови на оригинална музика, имплементирајќи ги техниките на класичната музика со современи хармонии и елементи на богатиот албански фолклор.

Полифоната вокална музика е сè уште актуелна во Албанија, а во 2005 година е прогласена за ремек-дело на нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО. Албанскиот „Исо-полифон хор“ е најголемиот претставник на различни музички стилови од јужна Албанија. Зборот „исо“ го претставува т.н. дрон (придружба, каде еден тон или акорд постојано звучи низ целата композиција), кој може да се пее континуирано или ритмички спротивно од останатите мелодии. Ваквите композиции претежно ги изведуваат машки гласови на најразлични социјални случувања. Традиционално, исо-полифоното пеење од јужните делови на Албанија се пренесува „од колено на колено“.

vecerva-na-ohridsko-leto-robert-bisha-na-pijano-i-izlozba-zad-vinozitoto-na-kalina-brajkovska-2.jpg

Калина Брајковска, дипломирала на Филозофскиот факултет на отсек историја на уметност со археологија со висок просек. Живее и работи во Скопје, се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство од мала возраст. Реализирала повеќе изложби од кои позначајни се: групна изложба во галеријата на НЛБ Банка, дизајн на парчиња облека  на неделата на дизајн во Куршумли Ан – Скопје, изложба во фоајето на МКЦ Скопје, изложба на саемот за дизајн во Торино (Дизајн на парчиња облека), самостојна изложба во Галеријата на Младинскиот културен центар – Скопје, самостојна изложба во кафе – галерија Концепт 37 – Скопје.

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето!

vecerva-na-ohridsko-leto-robert-bisha-na-pijano-i-izlozba-zad-vinozitoto-na-kalina-brajkovska-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg