Зошто е црна и уште 7 прашања за вселената (и животот на астронаутите) што сигурно си ги имате поставено

Знаевте ли дека температурата на Месечината изнесува 120 степени Целзиусови кога е ден, а се спушта до неверојатни -130 степени кога е ноќ? Кои други прашања за вселената и животот на астронаутите „ве мачат“?

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-01.jpg

Нашата планета е занемарливо мал дел од вселената, но, нормално, нам ни е многу попознат животот на Земјата, отколку во вселената.

Во вселената владеат потполно други правила и нема никакви услови за живот. Па, сигурно имате многу прашања во врска со оваа тема.

Одговори на неколку прашања за вселената и животот на астронаутите што сигурно си ги имате поставено:

Дали астронаутите стареат побрзо во вселената?

Условите со кои се соочуваат астронаутите на нивните мисии се многу поразлични од оние на Земјата.

Покрај микрогравитацијата, тие се изложени и на космичка радијација, па логично е да мислиме дека ова влијае и врз процесот на стареење.

Сепак, истражување со симулација на условите во кои живеат астронаутите покажало дека процесот на стареење забавува.

Во експериментот познат како Mars-500, неколку луѓе живееле во услови кои симулирале мисија на Марс.

Тие поминале 520 дена изолирани од други луѓе, со цел да се утврди како оваа мисија би влијаела врз психичкото и физичкото здравје на астронаутите.

Научниците ги набљудувале параметрите кои предвидуваат ризик од појава на болести и ризик од рана смрт и дошле до заклучок дека во симулираните услови, стареењето забавува.

Сепак, едниот од авторите на истражувањето истакнува дека доколку мисијата би траела подолго од овие 520 дена, испитаниците (во иднина и астронаутите) веројатно би почнале да чувствуваат разни проблеми со здравјето.

Истовремено, авторите велат дека уште не им е јасно зошто овие услови го забавуваат стареењето.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-02.jpg

Дали астронаутите користат зачини, како сол и бибер?

Во Меѓународната вселенска станица е опасно да се користи сол, бибер или што било со ситни честички кои можат да завршат во многуте вентили и деликатната опрема.

Поради ова, тие користат сол и бибер во течна форма, односно растворени во вода.

За разлика од ситните честички, водата не може да се разлее во микрогравитација, па е многу побезбедна опција.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-03.jpg

Зошто вселената е црна?

Од Земјата, нам небото ни изгледа сино во текот на денот. Но, вселената секогаш е црна, а причината за ова е распрснувањето на светлината.

Кога светлината од Сонцето минува низ атмосферата, се распрснува поради молекулите воздух.

Бидејќи сината светлина има многу помала бранова должина, таа се распрснува повеќе, па во текот на денот небото има сина боја.

Кога Сонцето изгрева или заоѓа, светлината треба да помине поголемо растојание. Па, во овој случај доминира црвената светлина која има поголема бранова должина и небото има портокалово-црвена нијанса.

Но, во вселената нема атмосфера која ќе ја распрсне светлината. Всушност, во вселената нема практично ништо што може да ја распрсне светлината или да ја пренасочи кон нашите очи, па таа се движи само во права линија.

Поради ова, ако гледате директно во Сонцето или друго небесно тело од вселената, ќе видите бела боја. Ако погледнете настрана, вселената ќе изгледа црна.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-04.jpg

Колкава е температурата во вселената?

Температурата на Земјата варира во зависност од сезоната и местото на коешто се наоѓате. Сепак, во вселената секогаш е многу, многу ладно.

Земјата се загрева благодарение на атмосферата која заробува дел од сончевата енергија.

Но, во вселената нема атмосфера и нема речиси никаков трансфер на топлина, па поради ова вселената е секогаш многу ладна.

На места каде што нема никакви честички и никакво движење, температурата речиси ја достигнува таканаречената апсолутна нула.

Апсолутната нула изнесува 0 Келвини или -273,15 степени Целзиусови и ова е температура на која престануваат да се движат сите честички.

Во просек, научниците тврдат дека температурата во вселената изнесува околу 2,7 Келвини, односно околу -270 степени Целзиусови.

Сепак, постојат и места во вселената, како маглини и облаци со гас, каде што има движење на честички, па температурата може да биде повисока.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg