Жешки наслови за опуштено лето со SkyShowtime

Сонце, сенка и уживање со некоја добра серија или филм... па зарем летото не е измислено за вакво сценарио? А ова лето, најдете инспирација за гледање во многуте жешки наслови пристигнуваат на стриминг платформата SkyShowtime.

zheshki-naslovi-za-opushteno-leto-so-skyshowtime-01.jpg

Обично е предизвик да се најде добра серија која ќе биде доволно интересна за да ви го задржи вниманието уште од самиот почеток. Сите оние серии кои беа популарни изминатите години веќе ги знаете и многу веројатно сте ги слушнале сите „спојлери“ за нив. Затоа, во продолжение ви препорачуваме две нови серии кои премиерно ќе почнат да се прикажуваат ова лето.

Django

Делумно заснована врз култниот филм на Серџо Корбучи, Django раскажува приказна за човек кој бара одмазда, а на крајот се бори за нешто поголемо. Тексас, кон крајот на 1800 г., Џанго пристигнува во пуст град во подножјето на еден кратер: Нов Вавилон. Џанго ги бара луѓето кои му го убија семејството, но открива дека ќерка му Сара преживеала и е таму. Сара сега има дваесет години, планира да се омажи за Џон Елис, основачот на Нов Вавилон, и, поважно, не сака Џанго да биде таму. Џанго не се предава, и е подготвен на сѐ за да добие втора шанса со ќерка му. Меѓутоа, Џанго, Сара и Џон се обвиткани со мрежа од темни тајни кои мора да излезат на површината.

zheshki-naslovi-za-opushteno-leto-so-skyshowtime-03.jpg

Bupkis

Bupkis е нова комедија што го следи Пит Дејвидсон (The King of Staten Island, Saturday Night Live) во обидот да се справи со уникатната семејна динамика и сложеноста на славата за да изгради значајни односи. Искрената, полуавтобиографска серија со Дејвидсон, Еди Фалко (The Sopranos, Nurse Jackie) и Џо Пеши (Goodfellas, The Irishman), како и други ѕвезди во споредните улоги, ги спојува стварноста и апсурдноста за најдобро да прикаже како е да се биде Пит Дејвидсон. Добредојдовте во Bupkis.

zheshki-naslovi-za-opushteno-leto-so-skyshowtime-02.jpg

А доколку не ви се чека, секогаш може да се вратите на некои од популарните и веќе постоечки серии достапни за стриминг на SkyShowtime. Одберете некој од хит насловите за да ве забавува додека се справувате со високите температури на летото...

Star Trek: Strange New Worlds

Star Trek: Strange New Worlds ги опфаќа годините во кои капетанот Кристофер Пајк беше на чело на вселенскиот брод Ентерпрајз. Во серијата настапуваат милениците на публиката Енсон Маунт како капетанот Кристофер Пајк, Ребека Ромијн како Број Еден и Итан Пек како офицерот за наука Спок. Серијата ги следи капетанот Пајк, офицерот за наука Спок и Број Еден во годините пред капетан Кирк да се качи на вселенскиот брод Ентерпрајз, во нивното истражување на нови светови низ галаксијата. Во тек е втората сезона од оваа серија, која стана хит насекаде низ светот.

А ако сепак сте љубители на малку пократки содржини, тогаш филмовите се вистинскиот избор за вас.

Babylon

Од Демиен Шазел, Babylon е оригинален еп сместен во 20-тите во Лос Анџелес, каде што главните улоги ги имаат Бред Пит, Маргот Роби и Диего Калва, а во екипата играат и Џован Адепо, Ли Џун Ли и Џин Смарт. Приказна за преголема амбиција и екстравагантна неумереност која го следи подемот и падот на неколку ликови во ерата на разузданата декаденција и изопаченост во раните години на Холивуд.

SkyShowtime услугата е достапна на корисниците на SkyShowtime апликацијата на Apple iOS, tvOS, Android уреди, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку вебсајтот: www.skyshowtime.com. Цената за SkyShowtime е 5,99 евра месечно, со седумдневен пробен период и можност да се откаже во секое време.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg