Хит видео: По Петар со грашокот, во Македонија стана хит детенце што бара маслинки од мајка си
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Извидникот Петар сите добро го помните, а сега друго детенце слатко ја насмеа Македонија со својата изјава и желба за маслинки. Ведран има 2 години и 10 месеци и изјави кои се хит и слатко ќе ве насмеат.
Петар Ачкоски е детето што слатко ја насмеа Македонија со својата изјава за грашокот, a потоа ги преплави медиумите, па се појави дури и на Златна бубамара.
Сега, друго момче кое бара маслинки од мајка си стана вирален хит.
Тоа на мајка си ѝ се заканува дека ќе и викне полицаец и ќе си најде друга мајка затоа што не му дава уште маслинки, иако претходно изел 22 маслинки.
Вели дека ќе го викнел дури и волкот затоа што не му дава маслинки.
Станува збор за Ведран од Скопје, кој има 2 години и 10 месеци.
Видеата, покрај мајка му, најчесто ги снима неговата тетка Ана, која ги објавува на својот Инстаграм профил.
Ја контактиравме, а таа за CRNOBELO.com вели:
„Идејата за снимање ми дојде спонтано... Само сакав да ги фатам смешните и слатки моменти што ги прави Ведран.
Со тек на време сфатив дека тие видеа навистина им носат радост и на другите. Почнав да го снимам од кога беше многу мал, ама редовно почнав да објавувам содржини дури неодамна“.
Видеото е преслатко и убаво ќе ве насмее (кликнете на него):
Потоа, осамна уште едно видео од Ведран, каде ѝ кажува на мајка си дека е најдобра и колку многу ја сака, со цел да му дозволи да гледа „Lion King“, наместо да спие.
Погледнете го и ова видео (кликнете на него):
Потсетете се и на старото забавно видео со Петар:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





