Со поддршка од Mozzart до нови успеси - КМФ Партизан ќе атакува кон влез во првата лига

Лидерот во приредување игри на среќа продолжува со помошта и поддршката на спортот и спортските клубови и е ветер во грб на голем број аматерски и професионални клубови.

so-poddrska-od-mozzart-do-novi-uspesi-kmf-partizan-ke-atakuva-kon-vlez-vo-prvata-liga-01.jpg

Овојпат помош пристигна и за фудбалерите на КМФ Партизан од Брвеница, кои се борат за влез во првата лига.

Голема благодарност до компанијата Mozzart и нивниот позитивен пристап кон спортот и спортските клубови. Поради недостаток од финансии за нормално функционирање на клубот, се обративме за помош,бидејќи се познати по својата општествена одговорност. Среќни сме што имаа слух за нашите потреби. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина и заедно ќе го освоиме првото место во лигата”, изјави Драган Милошески, Претседател на КМФ Партизан.  

so-poddrska-od-mozzart-do-novi-uspesi-kmf-partizan-ke-atakuva-kon-vlez-vo-prvata-liga-02.jpg

КМФ Партизан од Брвеница е млад футсал клуб формиран во 2022 година .

За релативно краток период клубот успеа да освои 15 први места на повеќе турнири низ државата.

Футсал клубот Партизан од Брвеница се натпреварува во втората лига и во моментот се позиционирани на второто место на табелата.

so-poddrska-od-mozzart-do-novi-uspesi-kmf-partizan-ke-atakuva-kon-vlez-vo-prvata-liga-03.jpg

До нас стигнуваат голем број барања за помош на спортски клубови. Нам ни преставува големо задоволство кога можеме позитивно да одговориме на секое од нив. Mozzart е компанија која била и секогаш ќе остане верен поддржувач на македонскиот спорт”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Долг е списокот на спортски клубови кои до сега биле поддржани од  Mozzart.

Само преку акцијата нови дресови за нови шампиони годишно им се помага на 24 македонски клубови од различни спортски дисциплини.

Лидерот во приредување игри на среќа и натаму ќе продолжи да инвестира во спортот, спортистите и спортските клубови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg