Три финти за да фатите Black Friday попуст без гужва

tri-finti-da-fatite-black-friday-popust-bez-guzva-01.jpg

Вистинските попусти во некои од продавниците за време на Black Friday привлекуваат многу луѓе одеднаш. Во продавниците се создава огромен метеж, а вработените, едноставно, не можат да постигнат со побарувачката.

Дури и да нема попусти за кои вреди да се чека со часови, најголем дел од продавниците по трговските центри ќе бидат преполни со љубопитни купувачи, кои сакаат да проверат дали има нешто за кое вреди да ги потрошат своите пари.

Иако купувачите кај нас сè уште не се на ниво на Американците, кои создадоа традиција од физички пресметки за време на Black Friday, сепак, од повеќе причини, паметно е да не влегувате во тој хаос.

Толпите значат трошење време, нерви, а ризикувате и да закачите некој вирус. Токму затоа треба да знаете како да ги избегнете, а да ги искористите Black Friday попустите. Продолжете со читање и погледнете три одлични идеи со кои ќе успеете да го направите тоа.

Купувајте онлајн

Со развојот на технологијата се отворија безброј опции во различни полиња од животот. Шопингот е, дефинитивно, едно од нив бидејќи сега можеме да купуваме мирно и без никакви проблеми. Со интернетот, а особено со напредокот во полето на мобилните уреди, купувањето преку интернет стана исклучително лесно и едноставно.

Во Македонија гледаме сè повеќе онлајн шопинг платформи кои имаат одлична понуда на производи, а овој Black Friday тие веќе почнаа со попустите. Најновиот шопинг мол, ā на нет – Ananas, веќе нуди разни производи од технологијата, кои можете да ги нарачате со попуст и преку 60 проценти од оригиналната цена.

Купувањето онлајн е еден од најдобрите начини да ги избегнете гужвите, турканиците и чекањето со часови на каса за наплата. Купувате од дома уживајќи во удобноста и едноставноста, додека ги добивате истите попусти како и на сите други места.

Ваквите шопинг платформи како Ananas имаат разновидна колекција на производи на попуст од кои можете да одберете. На платформата има повеќе од 100.000 производи, а од нив голем број се на попуст. Погледнете ја и нивната понуда на мали куќни апарати за време на Black Friday и подновете го домот.

tri-finti-da-fatite-black-friday-popust-bez-guzva-02.jpg

Посетете ги продавниците рано наутро

Сите сакаат да си поспијат наутро. Супермаркетите и трговските центри вообичаено отвораат од девет или десет часот наутро, но најголемиот дел од луѓето ќе дојдат попладне. Искористете ја поспаноста на сограѓаните и посетете ја рано наутро продавницата во која сакате да купите нешто.

На овој начин со сигурност ќе ги избегнете метежот и турканиците, а многу е веројатно и дека ќе го пронајдете производот што го барате. Ако сте решени да купите облека, на овој начин полесно ќе ги најдете моделот и соодветната величина што ја барате, а истото важи и за многу други производи, кои, доколку навистина имаат одличен попуст, ќе се распродадат додека трепнете.

Избегнувајте купување во викенд

Зимата е на прагот и сонцето заоѓа многу рано. Преку ден сме на работа и во училиште, а потоа сè што сакаме е да се одмориме од напорниот ден. Токму затоа, сите што сакаат да купат нешто го чекаат викендот за да ги нападнат трговските центри.

Избегнувајте викенд шопинг доколку не трпите многу луѓе на едно место. Соберете сили и посетете ги трговските центри по работа, училиште или, ако веќе немате друг избор, имајте ја на ум точката што ја споменавме погоре – шопингувајте рано наутро. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg