Клима уред кој го штити вашето здравје

Загрејте се подостапно и поздраво благодарение на новиот, интелигентен Hisense Energy Pro Plus клима уред чии функции го елиминираат и корона вирусот.

klima-ured-koj-go-shtiti-vasheto-zdravje-01.jpg

На прагот на зимата е идеално време да го комплетирате вашиот станбен или деловен простор со клима уред, но не било кој! Изберете мудро и оставете ја вашата одлука да обезбеди долгорочен профит, кој вклучува подобар квалитет и посигурно греење, заштеда на енергија, помало влијание врз животната средина и дополнително - подобрување на здравјето. Со ова не се мисли само на полесно дишење, помалку алергии и осип, туку и повторно актуелниот корона вирус, со кој одредени Hisense клима уреди сега можат успешно да се борат и да го неутрализираат.

Инвертер клима уредите се исклучително популарни кај нас веќе некое време, а Hisense Energy Pro Plus клима уредот, надополнет со иновативни технологии, оди чекор понатаму и носи поздрав и почист воздух и при греење и ладење, така што тој практично е идеалната одлука која може да ја донесете.

Со користење на инвертер клима уред се избегнуваат нагли промени на собната температура, нема често вклучување и исклучување, па додека се греете или ладите, всушност штедите струја. Инвертер моторите овозможуваат греење дури и при многу ниски надворешни температури, дури до -22°C, како на пример конкретниот модел Hisense Energy Pro Plus бидејќи неговата надворешна единица има грејач кој спречува замрзнување и штити од можни нови инвестиции за поправка или замена.

Здравјето пред сѐ

Компанијата Hisense веќе некое време се грижи за зачувување на здравјето на потрошувачите, но со иновативната Hi-Nano технологија во рамките на Hisense Energy Pro Plus линијата, го подигнува нивото со единствена технологија. Hi-Nano јонската технологија генерира ефикасни плазма јони, кои генерираат милион од овие честички на кубен сантиметар, во споредба со обичната плазма која генерира од 0,4 до 0,6 јони. Поради својата силна емисија, Hi-Nano јонската технологија е во состојба ефикасно да елиминира 99 отсто од честичките на вирусот H1N1 во рок од два часа, што во овој момент, кога короната повторно е во полн замав, има исклучително значење за сите кои престојуваат во климатизиран простор. Во споредба со обичната плазма, Hi-Nano произведува двојно помалку озон (0,007 милиграми на кубен метар), не ја оштетува околината и ефикасно ги отстранува бактериите и ви овозможува да уживате во чист воздух цело време.    

Ефективноста на новата технологија на Hisense ја потврди и француската лабораторија Texcell, која докажа дека Hi-Nano може ефективно да уништи 93,54 отсто од честичките на корона вирусот (SARS-CoV-2) за два часа.

klima-ured-koj-go-shtiti-vasheto-zdravje-02.jpg

Покрај Hi-Nano технологијата, Hisense Energy Pro Plus клима уредот поддржува и повеќеслојна технологија за прочистување на воздухот, која при обработката поминува низ неколку филтри и секој од нив има функција да го подобри квалитетот и да го прочистува. Иновативниот 4-во-1 филтер вклучува филтер со катехин, филтер со сребрени јони, филтер со витамин Ц и ХЕПА филтер. Првиот филтер содржи катехин кој е екстракт од зелен чај и е додаден поради неговите оксидациски и стерилизациски ефекти. Активните ензими прават јадро од бензен, кое ги апсорбира непријатните мириси и штетните материи, па ефикасно и долгорочно ги пресретнува и неутрализира честичките прашина. Филтерот со сребрени јони е високо ефективен филтер за стерилизација, кој успешно го спречува ширењето на бактериите. Филтерот со витамин Ц е дополнителна заштита која произведува исклучително чист воздух, а таквиот чист воздух е здрав за кожата, не предизвикува осип или чешање, ја прави помека и го намалува стресот. Конечно, ХЕПА филтерот е високо ефикасен филтер, кој фаќа 80 проценти повеќе честички прашина од обичните филтри, осигурувајќи дека воздухот е уште посвеж и почист, без алергени и предизвикувачи на кивање.

Кон нив е додаден специјален филтер со активен јаглен, кој е докажан во борбата против непријатните мириси и за апсорпција на лошите честички. Активниот јаглен ги отстранува хемикалиите, пареата и чадот од тутун, совршено го елиминира тешкиот, застарен воздух и непријатните мириси, по што воздухот останува чист и свеж.

Паметни иновации

Hisense Energy Pro Plus клима уредот има голем број паметни иновации кои обезбедуваат воздухот да струи онака како што сакате. Да речеме, воздухот може да ве следи или да ве избегне, во зависност од тоа што сакате со функцијата Follow/Avoid. Ефикасната камера на самиот уред наречена Smart Eye ја следи вашата положба во просторијата и врз основа на тоа, освен што го насочува воздухот, автоматски ја прилагодува влажноста и температурата на воздухот, во зависност од бројот на луѓе и нивната оддалеченост во просторијата. Опцијата Smart AI може да го насочи воздухот кон таванот или кон подот, за да го постигне ефектот што го сакате, а истата опција нуди дури четири автоматизирани режими за време на спиењето, за да можете да уживате во идеални услови за спиење во текот на ноќта.

Со автоматско движење на хоризонталните насочувачи на воздухот, клима уредот обезбедува оптимална дистрибуција и проток на ладен или топол воздух низ просторијата во сите четири правци. Врз основа на ова, Hisense 4D Auto Swing технологијата за дистрибуција на воздух во затворен простор обезбедува максимална удобност и организација на протокот на воздух како што му одговара на корисникот.

Едноставно управување и користење

Благодарение на новата генерација на Hisense премази, акумулираната прашина, микроорганизмите и маснотиите може да се отстранат од алуминиумската површина на испарувачот преку циклус на замрзнување и одмрзнување. Кога е исклучен, вентилаторот на внатрешната единица ќе продолжи да работи 30 секунди за да се исуши испарувачот, со што ќе се исчисти самиот клима уред и ќе се остави системот подготвен за следната употреба.

Hisense клима уредите се тивки, нивото на бучава може да биде само 18 децибели. Можно е да се управува со нивните опции од оддалечено место преку Wi-Fi конекција користејќи ја апликацијата ConnectLife, гласовно со виртуелните асистенти на Google и Amazon, а новите модели доаѓаат и со статистички приказ на потрошувачката, кој овозможува намалување на трошоците со прикажување на претходниот начин на користење на уредот.

klima-ured-koj-go-shtiti-vasheto-zdravje-03.jpg

Секогаш во зелена зона

Покрај заштедите поради самиот мотор и декларирањето во највисоката А работна класа, Hisense Energy Pro Plus клима уредот има и до 80 проценти помала потрошувачка на енергија во режим на мирување, од само еден ват, и користи поеколошки и поодржлив R32 гас за работа. R32 е еколошки гас со поголем капацитет за ладење за ист волумен, што значи дека е потребно помало количество ладилно средство во секој уред, со што се намалува глобалното затоплување.

За сите детали и пребарување на модели, посетете ја веб-страницата на Hisense Македонија. И за крај, не го заборавајте ова - компанијата Hisense е партнер на фудбалскиот шампионат UEFA Euro 2024, трет пат по ред, па ќе бидете подготвени да навивате со најдобри услови и ќе можете да уживате натпреварите во идеални услови дома или на работа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg