Како до здрав круг на комуникација помеѓу родител – дете – градинка? Погледнете ја домашната задача на децата од Литл Ми
- Детали
- петок, 10 ноември 2023
Доаѓате дома после напорен ден со чувство на исцрпеност и токму во мигот кога сакате да се релаксирате и опуштите, го слушате вашето дете: „Мамо! Тато! Ќе дојдеш да си играш со мене? Те молам?!“ Иако во тој момент, играњето со вашето дете изгледа како тешка задача, потребно е да размислите за сите долгорочни придобивки како ментално, физички и социјално здравје на вашето дете.
Брзото темпо на современиот семеен живот може да направи да го занемариме фактот дека поминување време со нашите деца е навистина важно. Среќното дете, кое во градинка постојано е анимирано; учи, игра, се забавува, сепак има потреба од вниманието на својот родител. Здравиот круг на комуникација треба непречено да функционира помеѓу родителот, детето и градинката. Токму со оваа мотивација приватната градинка Литл Ми (Little Me), овозможува услови и смислува креативни активности, кои ќе придонесат за задржување на овој процес.
Еве зошто квалитетното време со вашето дете треба да биде приоритет:
Тоа ја гради самодовербата кај децата
Децата, кои поминуваат време со своите родители после градинка, учествувајќи во заеднички активности, градат позитивно чувство за самопочит. Кога децата чувствуваат дека се ценети од нивните родители, исто колку и од нивните учителки и негувателки, тие се чувствуваат посилни, похрабри и самоуверено.
Ги зајакнува семејните врски
Семејствата, кои ги споделуваат секојдневните активности заедно, формираат силни и длабоко емотивни врски. Истражувањата покажаа дека семејствата, кои уживаат во групни активности заедно имаат посилна емоционална врска, како и способност добро да се прилагодат на ситуациите како семејство.
Развива позитивно однесување
Децата и адолесцентите, кои поминуваат повеќе време со своите родители, имаат помала веројатност да се вклучат во ризично однесување. Според студиите направени во оваа декада, тинејџерите, кои имаат ретки семејни вечери, имаат двојно поголема веројатност да користат тутун, речиси двојно поголема веројатност да користат алкохол и еден и пол пати поголема веројатност да користат опојни супстанци.
Тоа може да им помогне на вашите деца да бидат добар пријател
Децата учат со пример. Ако им давате добар пример поминувајќи квалитетно време заедно, веројатноста дека ќе имаат квалитетни пријателски особини е огромна. Дури и наједноставните заеднички активности ќе им помогнат да разберат повеќе за интеракцијата со другите, како и да научат повеќе за важноста на споделување и љубезност.
По повод празникот на градот Скопје, приватната градинка Литл Ми ги вклучи родителите во токму една ваква креативна работилница преку која родителот, детето и градинката ќе ја зацврстат својата поврзаност, ќе развијат поздрава и посилна комуникација и ќе резултира со среќа кај секое дете.
Покрај тоа што ќе се забавуваат и ќе прават макети што асоцираат на градот Скопје, тие ќе научат и да бидат еколошки свесни, со користење на материјали, кои може да ги пронајдат дома и на тој начин истите ќе добијат нова форма и намена.
Литл Ми, со својот слоган „детето пред сè“, секогаш умее да најде начин како децата да бидат централното и најважното нешто во ова брзо и динамично секојдневие.