Кое е следното ниво кон иднина без чад?

Во секој производ поврзан со технологијата, нормално е со текот на времето да се видат подобрувања. Ако се сетите како изгледаа старите мобилни телефони и ги споредите со денешните, ќе забележите огромен напредок.

koe e slednoto nivo kon idnina bez cad

Kако и кај секој иновативен технолошки производ, тимовите кои стојат позади целиот процес секогаш се стремат да ја подобрат претходната верзија. Ако ги земеме за пример претходната генерација на уреди и новите IQOS ILUMA, има огромна разлика помеѓу двата производи во технологијата што се користи. Новата генерација уреди треба да исполни неколку очекувања на корисниците, но најголемиот фокус е на чистењето на уредите.

За компанијата Филип Морис Интернешнал овој новитет, што воедно е и најиновативниот производ во портфолиото – IQOS ILUMA претставува двигател на промените.

Сè уште сме единствената тутунска компанија која си постави цел што е можно поскоро да ги замени цигарите со потенцијално помалку штетни алтернативи. Оваа заложба е и официјално објавена и зад неа стои Управниот одбор од компанијата, а исто така е испратена и до инвеститорите преку Њујоршката комисија за хартии од вредност. И верувам дека веќе постигнавме значителен напредок кон оваа цел. Денес, повеќе од 27 милиони возрасни пушачи ширум светот се префрлија на нашите производи без чад, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19 милиони луѓе во 82 земји. Така, со текот на времето, стануваме одржлива компанија без чад. Компанија која се потпира на иновативни производи без чад. За нас, светот без чад е вистинската насока и решени сме да имаме активна улога во тој процес.“ – изјави Иван Костиќ, Генерален Менаџер на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

На нашиот пазар, оваа нова технолошка иновација пристигнува на 20ти ноември, а ќе бидат достапни три модели на уреди, во различен опсег на цени - сите со најновата технологија на индукциско загревање. Подобрениот дизајн и перформанси се прилагодени според потребите на пазарот, па новата генерација решава два од најголемите предизвици на корисниците: полнењето и чистењето. Батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење и новата технологија на индукциско загревање целосно ја елиминира потребата за чистење.

За да ја реализира визијата за свет без чад, Филип Морис Интернешнал треба да ги задоволи потребите и очекувањата на возрасните пушачи низ светот, а за да ја достигне таа цел се фокусира на целосно прилагодување на нивните потреби и преференци.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg