Europe House Скопје го прослави својот 4 роденден со архитектонски конкурс

(Скопје, 13 ноември 2023 година) Јуроп хаус Скопје ја одбележа својата четврта годишнина со спој на наследството и визијата за иднината, одржувајќи изложба и церемонија на доделување награди за конкурсот за архитектонски и урбанистички дизајн „Скопје на новата генерација“.

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-01.jpg

На овој настан беше прикажан талентот на младите архитекти кои придонесуваат за урбаниот развој на Скопје.

На натпреварот пристигнаа 12 пријави од 24 млади архитекти, а секој од нив претстави планови за обнова на различни локации во градот.

Првата награда ја доби „Лотос за неа“ ("Lotus 4 Her") на Антонио Грујевски за фонтаната „Лотос“ во Градски парк Скопје.

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-03.jpg

Втората награда ја добија Даниела Василева, Сара Велеска и Сара Трајкова за „Реимагинирање на боените бранови“ ("Reimagining Colorwaves"), за кејот „Димитар Влахов“ покрај реката Вардар.

Третата награда им припадна на Натали Велеска, Ален Цветковски и Дона Митровска за нивниот проект „СпајнХ“ ("SpineX"), наменет за ревитализација на улицата „Пластичарска“. Настанот се одржа во зградата на Централната пошта во Скопје, место со значително историско значење, што „Europa Nostra“ го стави на листата на седумте најзагрозени културни споменици во Европа.

На 26 јули, датум што се совпаѓа со 60-годишнината од разорниот земјотрес во Скопје, „Европа Ностра“, во соработка со Институтот на Европската инвестициска банка, го сврте вниманието кон итната потреба за реставрација на зградата.

Ова чувство се одрази и во забелешките на евроамбасадорот Дејвид Гир, нагласувајќи ја важноста за итна акција со цел да се зачува оваа историска градба.

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-11.jpg

„Денес стоиме овде во Пошта, веројатно најзначајниот пример на бруталистичка уметност; естетика што го обликуваше постземјотресниот архитектонски идентитет на Скопје. Да се потсетиме на културното наследство што треба да се заштити и негува. Денес, Пошта сè уште нема покрив и сѐ поголем е ризикот повеќе да не се користи и да се распадне. Сепак, Пошта, да ги употребиме зборовите на Сартр, не прифаќа пораз! Ниту ние. Решивме да го одбележиме четвртиот роденден на Europe House токму тука. На Денот на ослободувањето на Скопје.“, истакна амбасадорот Гир.

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-04.jpg

Во нејзиниот говор, министерката за култура, г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска, му се заблагодари на амбасадорот Гир и истакна дека “Ова значајна пригода, на Јуроп хаус Скопје од културен карактер успеа да ги зближи историјата и иднината, со креативноста на студентите по архитектура.” Таа додаде дека овој конкурс оди чекор напред и го премостува минатото со аспирациите за иднината.

Конкурсот „Скопје на новата генерација“ го оценуваше жири од 5 члена од сите пет архитектонски факултети во Скопје, (Меѓународен Балкански универзитет, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), Универзитетот МИТ, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје).

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-06.jpg

Проф. д-р Бојан Карнаков, во име на жирито објасни дека: „Главната цел на конкурсот е да инспирира иновативни идеи за архитектонски и урбан дизајн што би го зајакнале чувството на заедница во јавните простори на делови од градот врежани во колективната меморија на Скопје; младите архитекти до 35-годишна возраст требаше да се фокусираат на повторно осмислување и/или преуредување на овие делови од градот, со цел да се создаде одржлива и инклузивна средина“.

Победничкиот проект „Лотос за неа“ ("Lotus 4 Her"), изработен од младиот архитект Антонио Грујевски, претставува визионерски пејзаж и реставраторски проект чија цел е зајакнување на зелената одржливост во урбаното ткиво на Скопје, притоа оддавајќи почит на жените-архитекти, пионери во областа, кои одиграа клучна улога во обновата на постземјотресно Скопје во 1963 година.

europe-house-skopje-go-proslavi-svojot-4-rodenden-so-arhitektonski-konkurs-05_copy.jpg

Во својот поздравен говор, Грујевски рече: “За еден месец сме во 2024, а сите политичари и дел од нашите колеги сеуште зборуваат за Скопје 2014. Светот се движи напред. Европа се движи напред. Имаме предизвици со климатските промени, со енергетската независност и со загадувањето. Ова се предизвици на кои што мораме да се фокусираме, и да се придружиме кон визиите на Европската Унија.”

Изложбата во Централна Пошта ќе биде отворена за јавноста во наредните три дена, од вторник до четврток, од 12:00 до 15:00 часот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg