Искуси го животот и добиј поврат на средства со Pay&Get на Халкбанк во соработка со Mastercard

iskusi go zivotot i dobij povrat na sredstva so pay get na halkbank vo sorabotka so mastercard

Халкбанк во соработка со Mastercard објавува нова, одлична можност за поврат на средства за сите иматели на платежни картички Mastercard. Со оваа услуга, сите корисници на Халкбанк ќе имаат уште подобро, усовршено искуство при користењето на услугите HalkPay и GarminPay.

Оваа услуга е специјално дизајнирана за клиентите на Халкбанк, кои ги користат платежните картички Mastercard, како што се Mastercard Debit, Mastercard Standard Credit, Mastercard Contactless Credit и Mastercard World Credit.

Одличната вест за корисниците на Банката е дека може да се добие поврат на средства од 100, 300 или 500 денари за нивната 10-та, 15-та и 20-та трансакција користејќи HalkPay или GarminPay во текот на промотивниот период.

За да се добие повратот, треба да се извршат 10, 15 или 20 трансакции преку Mastercard. Сумата што ќе се добие како поврат на средства може да се провери преку електронското банкарство или на изводите од платежната или кредитната картичка. Овој поврат може да се искористи за следни трошења според личниот избор на корисниците. Овие поволности се однесуваат исклучиво за трансакции со дигитализирани картички направени преку HalkPay и GarminPay.

Оваа предност важи за сите корисници на оперативниот систем Android на своите мобилни телефони или, пак, за корисници на часовниците Garmin што ги имаат дигитализирано своите картички Mastercard.

Повеќе информации околу повратот на средства и условите за користење може да се најдат на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg