Светски ден на предвремено родени дечиња: „Бекутан сензитив“ ја чува, штити и негува кожата на прематурните бебиња

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, 17 ноември, се одржа настан во организација на Здружението на неонатолози, а поддржан од брендот Becutan на „Алкалоид“.

svetski-den-na-predvremeno-rodeni-dechinja-bekutan-senzitiv-ja-chuva-shtiti-i-neguva-kozhata-na-prematurnite-bebinja-01.jpg

Здружението на Неонатолози и Алкалоид АД Скопје, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, организираа стручен собир, каде беа соопштени и резултатите од клиничкото истражување за линијата „Бекутан сензитив“ (Becutan Sensitive), спроведено во нашата земја, кај 300 деца, во соработка со четири болници.

svetski-den-na-predvremeno-rodeni-dechinja-bekutan-senzitiv-ja-chuva-shtiti-i-neguva-kozhata-na-prematurnite-bebinja-03.jpg

Во рамките на овој настан учествуваа педијатри од целата држава и беа опфатени различни теми од големо значење за прематурните деца.

Becutan, како бренд кој секогаш се стреми да го обезбеди најдоброто за сите деца и да одговори на нивните потреби, создадe посебна линија Becutan Sensitive за особено чувствителната кожа. Делотворноста на оваа линија е клинички и дерматолошки докажана во EU-лабораторија, а дополнително клиничко истражување е спроведено и во нашата земја.

svetski-den-na-predvremeno-rodeni-dechinja-bekutan-senzitiv-ja-chuva-shtiti-i-neguva-kozhata-na-prematurnite-bebinja-04.jpg

Резултатите од тоа истражување, во кое беа вклучени повеќе од 300 новороденчиња, меѓу кои и прематурни деца, на настанот ги презентираше прим. д-р Марина Поп-Лазарова, истакнувајќи дека Becutan Sensitive е линија на производи докажано безбедни и нежни уште од првиот допир.

svetski-den-na-predvremeno-rodeni-dechinja-bekutan-senzitiv-ja-chuva-shtiti-i-neguva-kozhata-na-prematurnite-bebinja-02.jpg

Кожата на новородено бебе во центар, како една од најголемите органи на организмот, особено е значајно во периодот на овој неонатален развој и раст на децата од првиот ден од животот. Кожата на новороденото дете има повеќе функции, почнувајќи од една заштитна функција, а тоа е одржување на соодветен баланс на течности на електролити, на една температурна стабилност. Овие деца се многу сензитивни во однос на температурните промени, и затоа ги третираме на термо неутрална зона. Во тој контекст, имаме одлична соработка со „Бекутан“.

Со користење на препаратите од колекцијата „Бекутан сензитив“ на „Алкалоид“, во оваа студија се покажа дека препаратите од истата се одличен соработник за чување, нега и заштита на новороденечката кожа, вклучително и вулнерабилната кожа кај предвремено родените деца. Претходно, оваа колекција е тестирана во релевантна лабораторија во ЕУ, а ние само продолживме со ова клиничко испитување тие шест месеци и сумираните резултати и нашите клинички искуства кои ги имавме во тие пет институции каде што се спроведуваше, покажаа дека „Бекутан сензитив“ е безбедно и корисно средство за заштита на кожата кај новородените, вклучително и кај предвремено родените – додаде д-р Поп-Лазарова.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg