Brainster+ е новата супериорна понуда со сите 9 ФАКТОРИ за вработување што ги бара индустријата

brainster plus e novata superiorna ponuda so site 9 faktori za vrabotuvanje sto gi bara industrijata 1

Со цел да им даде поголема предност на своите студенти на пазарот на трудот, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) ја лансира новата револуционерна понуда Brainster+ (Бреинстер+). Станува збор за супериорна понуда со пакет курсеви, со која Бреинстер ги дополнува своите академии.

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-2_copy.jpg

Отсега академиите на Бреинстер се надградени со Brainster+, што е прва и единствена образовна програма во нашата земја која ги содржи сите 9 фактори за вработување што ги бара индустријата!

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-3.jpg

Brainster+ е нашата најнова и најголема иновација досега. Истовремено ова е најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, која ја развивме со најсилните човечки ресурси во нашата држава. Во нејзината реализација се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата. Станува збор за подобрување на нашата програма, на кое работиме последните 18 месеци, а со кое ќе ја направиме нашата понуда 10 пати посупериорна од сите! Веруваме дека од Brainster+ корист ќе имаат десетици илјади луѓе во наредните неколку години - вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер.

Студентите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до крајот на овој месец, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Brainster+ бесплатно, а кој инаку е со вредност од 500 евра. Со Brainster+ иновативната образовна програма се дополнува со ПЛУС курсеви со вештини за вработување, напредни технички вештини, како и курсеви за позициите во ерата на вештачката интелигенција.

Кои се предностите на новата понуда на Бреинстер?

Досега студентите на Бреинстер добиваа 6 фактори - клучни предности, со кои стекнуваа поголема вредност. Отсега со Brainster+ ќе добијат плус 3 фактори кои ќе ја зголемат нивната предност на пазарот на трудот. Сите 9 фактори за вработување, кои ги нуди оваа програма, се:

ФАКТОР 1: Учење преку работа на реални проекти

Со работа на реални проекти за реални компании за време на академиите, студентите на Бреинстер учат и добиваат искуство што ќе им даде поголема компетитивност на берзата на трудот. Студентите на Бреинстер досега имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти, од кои голем дел се „tech for good“, кои дале значаен придонес за заедницата.

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-01.jpg

ФАКТОР 2: Грижа за студентите и поддршка при учењето

Овој фактор ги зема предвид задоволството и успехот на студентите. Tимот Student Success се грижи програмите да се придржуваат до врвниот квалитет поставен од Бреинстер, на студентите им помага да ги совладаат сите предизвици во образовниот процес и ги подготвува за крајната цел – вработувањето!

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-02.jpg

ФАКТОР 3: Квалитетна програма и програма изработена во партнерство со компаниите

Преку стручниот тим на Program Operation, Бреинстер им овозможува на своите студенти да учат од програми изработени по Program Gold Standard. Овој тим, освен тоа што подготвува квалитетна образовна програма, дополнително константно ја приспособува според барања на индустријата.

ФАКТОР 4: Професорски тим со експерти од индустријата

На академиите предаваат практичари, професионалци од компаниите, како и професори кои освен теоретската подготвеност, имаат значајно искуство и од индустријата. 

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-04.jpg

ФАКТОР 5: Двојна сертификација

Студентите добиваат сертификат признаен од индустријата, но и сертификат од акредитираната високообразовна установа Бреинстер Некст колеџ (Brainser Next College). Ова е потврда дека програмата на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. .

ФАКТОР 6: Поддршка при вработување на студентите

Преку тимот Partnerships студентите добиваат поддршка во процесот на вработување. Од подготовка за интервју, пополнување на CV-то, па сѐ до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални компании. Само во последните две и пол години, благодарение на оваа програма, се вработија над 800 студенти на Бреинстер.

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-03.jpg

ФАКТОР 7: Вештини за вработување – за побрз пат до идната кариера

Пакетот вештини за вработување којшто содржи седум курса со кои студентите ќе ги подобрат вештините за: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на своето време и обврски, креативност и иновативност. Тоа се знаења што компаниите денес ги бараат од новите и од тековните вработени.

ФАКТОР 8: Напредни технички вештини – за поголем избор при вработување

Тимот на Бреинстер разви специјализирана програма за секоја академија поединечно, со ПЛУС напредни технички курсеви. Со нив студентите од секоја академија ќе го добијат плусот што им недостига за да се профилираат во други или слични професии или, пак, да добијат можност да мигрираат на различни позиции во рамките на компаниите.

brainster-plus-e-novata-superiorna-ponuda-so-site-9-faktori-za-vrabotuvanje-sto-gi-bara-industrijata-05.jpg

ФАКТОР 9: Вештини за AI – за работни позиции во ерата на вештачката интелигенција

Со овие курсеви студентите ќе имаат можност да ги научат вештините и предностите на AI алатките. Тие ќе им ја олеснат работата, ќе ги подобрат нивните перформанси и ќе ги направат поконкурентни во професиите од новата ера!


Стартап што не престанува да иновира

Со иновации во учењето, Бреинстер изминативе осум години успеа да се истакне како влијателен фактор во трансформацијата и развојот на образованието во нашата држава. Со квалитетно образование за вработување, преку дигитализација, работа на реални проекти и ангажирање на најдобрите експерти од практиката, континуирано работи на намалување на јазот меѓу образованието и индустријата. Низ иновативните програми на Бреинстер досега поминале над 12.000 студенти, кои се стекнаа со едукација за професиите од 21 век.

Бреинстер, кој почна како стартап во 2015 година, денес е меѓу најдобрите 0,7% компании во Македонија. Врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година, се вбројува меѓу топ-500 најуспешни фирми во земјава.

- Во последните осум години инвестиравме над 5 милиони евра во развој, иновации, квалитет и во нашите студенти. И планираме да продолжиме да инвестираме затоа што веруваме дека можеме повеќе и затоа што нашите студенти заслужуваат повеќе. Разликата помеѓу нас и сите други образовни центри денес е огромна. Меѓутоа, ако сме лидери на пазарот, не значи дека треба да престанеме со инвестиции и иновирање! Напротив, треба тоа да го правиме во уште поголем размер. Затоа правиме уште поголем чекор кон иднината лансирајќи ја Brainster+, нашата најголемата иновација досега - вели Ниновски.

Аплицирањето е во тек. Сите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до 29.12.2023 година, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Brainster+ со ексклузивен попуст од 500 евра!

Проектот Brainster+ е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg