Златна бубамара за животно дело за легендата Драган Мијалковски

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски.

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-01.jpg

Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-02.JPG

Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје....

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-04.jpg

Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с

Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-03.JPG

27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“.

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-05.jpg

Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе  добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија.

zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski-06.JPG

Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg