Брендот ZIA со моќна кампања инспирирана од жените: „Силна како жена ZIA“

ZIA, бренд инспириран и создаден за жените, во месец март започна кампања која има за цел да ја мотивира секоја жена, да ја пронајде и истакне силата и убавината што таа ја носи во себе. 

brendot-zia-so-mokjna-kampanja-inspirirana-od-zenite-silna-kako-zena-zia-01.jpg

„Ние веруваме дека убавината извира од внатрешната сила и автентичност, истрајноста, борбеноста и индивидуалноста на секоја жена. Со оваа кампања ги засенивме стереотипите и покажавме колку е таа силна.“

Секој ден, во текот на месец март, профилите на социјалните мрежи на ZIA се исполнети со пораки од триесет силни жени. 

Триесет исклучително храбри жени се пријавија на отворениот повик и ја раскажаа својата инспиративна приказна и порака, со желба да бидат поттик за секоја жена да ја пронајде силата во себе.

brendot-zia-so-mokjna-kampanja-inspirirana-od-zenite-silna-kako-zena-zia-02.jpg

„Дали на момент забораваш да ја негуваш својата женственост, да ја вреднуваш својата убавина и да веруваш колку си силна?“

„Знаеш дека си посебна, а тоа носи го како твоето омилено парче накит од ZIA.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg