Искористете ја шансата: Работете од дома за еден од најпознатите светски брендови

Дали сте за возбудлива можност да ја започнете својата кариера за глобално познати брендови? Teleperformance, глобален лидер за обезбедување на кориснички услуги, нуди единствена можност за работа од дома за поединци од цела Македонија – се што ви треба е познавање на германски јазик!

iskoristete-ja-shansata-rabotete-od-doma-za-eden-od-najpoznatite-svetski-brendovi-01.jpj_copy.jpg

Сѐ што посакувате на вашето работно место споено во едно, и тоа со можност за работа од дома и за еден од најголемите светски брендови. Teleperformance, глобална компанија за кориснички услуги која котира помеѓу најпосакуваните работодавачи во светот, нуди исклучителна можност за работа од дома за еден од најголемите светски гиганти, а понудата важи за сите заинтересирани поединци од Македонија кои го познаваат германскиот јазик.

Компанијата нуди светски стандарди за работа со темелна обука и поддршка за да ви помогне да ја совладате работата и понатаму да напредувате во кариерата. Приклучувањето кон Teleperformance значи да станете дел од динамичен тим посветен на обезбедување беспрекорна корисничка поддршка за милиони клиенти ширум светот, без притоа да поседувате претходно работно искуство.

Што значи да сте Агент за корисничка поддршка?

Како Агент за корисничка поддршка, ќе имате можност да им помагате на милиони корисници ширум светот. Вашите одговорности ќе вклучуваат решавање на прашања на клиентите, обезбедување на информации за даден производ и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите преку различни канали на комуникација.

Единствениот услов за ова работно место е добро познавање на германскиот јазик, а сите останати сегменти од работата се совладуваат за време на темелната обука која ја реализира локалниот тим во Скопје.

Зборуваш германски и сакаш да работиш за еден од најголемите светски брендови? Пријави се тука!

Доколку зборувате германски јазик и имате одлични комуникациски вештини, совршени сте за оваа позиција. Ако аплицирате сега и ја започнете својата кариера во Teleperformance, ќе добиете и бонус за добредојде од 300 евра.

Можности за кариера

Работењето како Агент за корисничка поддршка во Teleperformance ја отвора вратата за бескрајни можности за кариера. Покрај извонредната плата, ќе уживате и привлечни поволности, вклучувајќи флексибилно работно време, работа од дома, најразлични финансиски бонуси и стимулации и можности за професионален раст и развој.

Пријавете се овде за да го направите првиот чекор кон станување дел од семејството на Teleperformance. Не ја пропуштајте оваа уникатна шанса да работите од удобноста на вашиот дом претставувајќи еден од најпрестижните светски брендови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg