Feel Good Beats со Indog ново музичко патување на Канал 77

Овој петок од 20:00 часот на Канал 77 премиерно ќе се емитува Feel Good Beats со Indog.

feel-good-beats-so-indog-novo-muzichko-patuvanje-na-kanal-77-01.JPG

Суштината на ова едночасовно музичко патување низ повеќе епохии и жанрови на музиката ќе ни ја доближи токму тој, Горан Костовски – Indog.

За каква емисија станува збор?

По осум месеци во претпладневниот термин, со менаџментот решивме дека е време за промена, па од почетокот на месецов се дружиме од 18 до 20 часот на Канал 77. Во оваа вечерна емисија слушаме само хитови и се информираме за актуелностите во музиката, спортот и секојдневието. Целта е да се опуштиме по работниот ден или да бидеме одлично друштво додека сме зафатени со обврски.

Каков тип на музика ќе афирмира Feel Good Beats?

Јас често велам дека пуштам модерна музика за модерни уши. Како диџеј и винил селектор, секогаш презентирам различни жанрови, но овој пат предизвикот е поголем бидејќи се обраќаме на широка публика која го слуша Канал 77. Ќе уживаме во различни жанрови, со фокус на нови хитови, поп музика од минатото и денес, електронска и македонска музика, како и квалитетна балканска музика. Мислам дека ќе уживаат и оние кои сакаат музика од 70-тите, 80-тите, 90-тите, носталгичните 2000-ти и денешницата.

feel-good-beats-so-indog-novo-muzichko-patuvanje-na-kanal-77-02.JPG

Како дојдовте до идеја за ваков тип на емисија?

Секогаш пред викенд, кога се собираме или се спремаме, слушаме музика, но често немаме идеја што да пуштиме. Радиото е најголемото друштво денес, па затоа решивме да направиме еден мал увод во забавата што следи во викендот. Но, идејата не е само за журка – сите што уживаат во музиката ќе го ценат изборот на песни и атмосферата што ја создава емисијата.

Како овој новитет на Канал 77 ќе ја задоволи жедта на слушателите на електронска музика?

Првата електронска журка во Македонија се случува во 1992 година, што значи дека оваа култура има сериозна историја кај нас. Публиката секогаш била гладна за ваков тип на музика и тоа го тврдам како човек кој е присутен и работи на сцената од 1996 година и ја следи оваа музика. Денес можеби нема масовни големи забави како порано, но сеуште има луѓе кои сериозно веруваат во оваа култура и работат на нејзино подобрување. Сцената е искрена и тие што вистински ја сакаат сеуште ја уживаат оваа музика.

Со оваа емисија, Feel Good Beats, се стремиме да ги поврземе различните генерации и вкусови, да понудиме музика која ги носи најдобрите моменти од минатото и современите хитови, создавајќи позитивна и енергична атмосфера за слушателите на Канал 77.  Ова ново доживување им го нудиме на слушателите секој петок од 20:00 часот на Канал 77 или преку нашиот плеeр https://radio.kanal77.mk/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg