Плаќај со ProYOUng и добивај: 10% кешбек за корисниците на пакетот за млади од ПроКредит Банка

Скопје, јули 2026 – Летото за младите значи повеќе движење, повеќе планови и повеќе моменти за уживање, како патувања, концерти, фестивали, кафе со пријателите, шопинг, онлајн нарачки или викенд-прошетки. Токму во период кога секое плаќање е дел од летното темпо, ПроКредит Банка трето лето по ред носи летна придобивка за младите.

plakjaj-so-proyoung-i-dobivaj-10-keshbek-za-korisnicite-na-paketot-za-mladi-od-prokredit-banka-01.jpg

По изминатите две лета, кога за време на првото лето младите имаа можност да добијат бесплатен тримесечен Спотифај пакет, а за време на второто лето ја добија понудата за 10% кешбек, ПроКредит ова лето повторно активираше летна понуда за корисниците на ProYOUng пакетот за млади, со која младите добиваат 10% кешбек при плаќање со ProYOUng Mastercard дебитната картичка.

Понудата е активна од 24 јуни до 24 септември 2026 година и важи за сите нови и постојни корисници на ProYOUng пакетот. Кешбекот се однесува на плаќања реализирани со картичка на ПОС-терминали и за интернет-плаќања, што ја прави понудата практична за секојдневните навики и летните трошоци на младите.

ProYOUng пакетот вклучува Mastercard дебитна картичка, мобилна апликација за онлајн управување со средствата, можност за брзи трансфери кон пријатели директно од телефонски именик, додавање на картичката во Wallet на смартфон (Android и iOS), како и други поволности за полесно секојдневно банкарско работење.

Понудата е достапна за постојните корисници кои веќе користат ProYOUng картичка, како и за новите корисници на ProYOUng Mastercard дебитна картичка за млади од ПроКредит Банка. Постојните клиенти на банката кои досега не користеле дебитна картичка или имаат стара дебитна картичка, исто така можат да аплицираат за издавање ProYOUng картичка и да ја искористат понудата.

Со ProYOUng, секојдневните плаќања стануваат можност за дополнителна вредност. Наместо летните трошоци да бидат само обични трошоци, со ProYOUng тие можат да донесат поврат на дел од средствата – едноставно, брзо и во текот на целото лето.

Сите заинтересирани млади лица можат да аплицираат преку веб-сајтот на ПроКредит Банка или во најблиската услужна единица. Повеќе информации за ProYOUng пакетот и активната понуда се достапни на веб-сајтот на банката.

Најчитани неделава