Како на природен начин да го подобрите варењето на храната

Лошото варење на храната може да предизвика многу непријатности и има големо влијание врз нормалното и здраво функционирање на организмот.

kako-na-priroden-nachin-da-go-podobrite-varenjeto-na-hranata-2-01.jpg

Затоа е важно кога ќе се појават дигестивни проблеми, да реагирате и да му помогнете на вашето тело и на дигестивниот систем соодветно да се справат со внесената храна. Со внимателен избор на храна можете да го поттикнете дигестивниот систем да работи правилно.

1. Внесувајте доволно храна со растителни влакна

Влакната се структурен дел од растението, па ги има во овошјето, зеленчукот и житарките. Растителните влакна се многу важен дел во секојдневното мени, а препораката е возрасен човек да консумира минимум 30 грама растителни влакна дневно, односно овошје или зеленчук со секој оброк.

2. Внесете „добри бактерии“

Дигестивниот систем е дом на илјадници видови корисни бактерии кои помагаат во разградувањето на храната и го спречуваат и развојот на други, потенцијално штетни бактерии во цревата. Посебно пробиотските бактерии од јогуртот Баланс+ можат значително да го подобрат варењето. Покрај јогуртот, пробиотски бактерии содржат и некои ферментирани производи од соја, пробиотскиот кефир, но и киселите краставички или кисела зелка.

3. Внесувајте доволно течности

Течноста е одговорна за преносот на хранливите материи во телото. Овошјето и зеленчукот како ананас, праски, грозје, цреши, краставици и слично содржат голем процент течност, но само делумно ја задоволуваат потребата на организмот и затоа е важно да се пие вода во текот на денот. Незасладените чаеви се алтернатива и се препорачуваат чаеви од камилица, корен од ангелика, коријандер...

4. Не пропуштајте физички активности

Вежбањето е одличен сојузник на дигестивниот тракт. Освен позитивното влијание врз намалување на стресот, вежбањето ја стимулира и контракцијата на мускулите, што му овозможува на дигестивниот систем да работи правилно.

5. Не брзајте додека консумирате храна

При брзото внесување храна се голта и воздух, што подоцна предизвикува надуеност, а брзото јадење многу често води до прејадување бидејќи на желудникот му требаат околу 20 минути за да испрати сигнал до мозокот дека е сит. Резултат на тоа се проблеми со варењето. Исто, џвакањето на храната 30 до 50 пати е апсолутно неопходно за добро варење на желудникот.

6. Не правете долги паузи помеѓу оброците

Друга грешка што многумина често ја прават се нередовните оброци. Премногу долги паузи помеѓу оброците може да предизвикаат пребрзо јадење поради пад на шеќерот, но и прекумерно внесување храна бидејќи телото гладува. План за редовни оброци на секои три часа вклучително и овошни закуски, може да направи голема разлика.

Меѓутоа, како една од одличните храни за стимулирање на органите за варење и регулирање на цревната микрофлора, е функционалниот јогурт Баланс+. Тоа е единствениот пробиотски јогурт на пазарот со клинички докажани придобивки. Содржи пребиотик, две пробиотски култури (LA5 и BB12), но и влакна олигофруктоза. Баланс+ јогуртот ги содржи потребните протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост и го регулираат апетитот но и големо количество здрави бактерии со што на ефикасен начин ја регулира цревната флора.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg