За првпат во нашата земја бесплатни интерактивни онлајн обуки за сајбер-безбедност овозможени од MKD-CIRT
- Детали
- петок, 03 декември 2021
Секоја организација треба да се грижи за своите податоци исто како и за управувањето со ризиците од користење на онлајн услуги и секој треба да следи некои основни принципи за добра сајбер-безбедност.
Сајбер-безбедноста се однесува на заштита на уредите што сите ние ги користиме
како и онлајн услугите до кои пристапуваме преку Интернет било од дома или на работа, од кражба и оштетување.
Исто така се однесува и на спречување на неовластен пристап до огромни количини на лични информации што ги складираме на овие уреди и онлајн.
Што значи свесност за сајбер-безбедноста и зошто е таа важна?
И покрај сите разговори за криминално хакирање, инфекции со рансомвер и технологии за нивно спречување, клучот за заштита на вашата организација е развина свест за сајбер-безбедност.
Според (Извештајот за сајбер прекршоци на податоци на Институтот Понемон за 2020 година), 23% од протекувања, кражба и други инциденти на податоци биле предизвикани од човечка грешка.
Обуките се најефективниот начин за едукација на вработените за ризиците што треба да ги избегнуваат и чекорите што треба да ги преземат доколку не се сигурни што да прават во одредени сценарија.
Бесплатни интерактивни обуки за сајбер-безбедност!
За првпат во земјава Националниот центар за компјутерски инциденти MKD-CIRT овозможи бесплатни интерактивни онлајн обуки за сајбер-безбедност.
На ВЕБ-страницата lms.mkd-cirt.mk достапни се два типа на основни обуки за сајбер-бесбедност и тоа за: вработени во јавна админситрација и вработени во приватен сектор; и раководен/менаџерски персонал во јавен и приватен сектор.
За да започнете со обука најпрво треба да се регистрирате и најавите ТУКА Потоа да ја изберете обуката што сакате да ја следите. Истите се поделени по теми и можете да ги следите со сопствено темпо, поточно да продолжете од таму каде сте застанале последниот пат.
Основната обука за сајбер-безбедност за вработени во јавна администрација и вработени во приватен сектор опфаќа бројни теми како : вовед во сајбер-безбедност, креирање силни лозинки и автентикација; користење преносни медиуми; користење на интернет и безбедна комуникација по е-пошта; безбедност во облак; што е социјален инжинеринг и како да се заштитите како и за безбедно работење од далечина; безбедно користење јавни wifi мрежи и безбедност во домот итн.
Со основните обуки за раководен/менаџерски кадар во јавен и приватен сектор ќе научите повеќе за концептите на сајбер-безбедност, кои се главните сајбер-ризиците во секојдневното работење и начините за заштита од истите, која е вашата улога и како да спроведувате сајбер хигиена.
Преку совладување на останатите теми за политики на информациони системи; справување со сајбер-напади и постапување со сајбер-инциденти; опоравување од катастрофи и итн., се стекнувате со знаење и способност за одговорно работење и заштита на информациите и користење безбедносни практики и избегнивање грешки.
Со завршена обука и квиз со најмлаку 70% успешност добивате сертификат од Агенцијата за електронски комуникации.
Инвестирањето во унапредување на знаењето на вработените е клучно за секоја успешна организација.
Важноста на свеста на вработените во една организација за сајбер безбедност
Вработените на организацијата се од суштинско значење за нејзиното секојдневно работење. Тие го претставуваат бизнисот, работат со клиенти и обработуваат со чувствителни податоци.
Доколку не успеат соодветно да ги заштитат информациите или ги прекршуваат правата на субјектите на податоците - посебно оние кои се заштитени со Закон за заштита на лични податоци - вашата организација ќе се соочи со огромен број проблеми.
Ова вклучува регулаторно дејство и потенцијално значителни казни, како и долгорочна штета на угледот.Ако клиентите и другите засегнати страни не ви веруваат дека одговорно се справувате со информациите, тие може да се преселат кај вашиот конкурент.
Во меѓувреме, во зависност од природата на сајбер заканите, може да претрпите различни форми на нарушување. На пример, ако некој вработен наседне на измама со фишинг, нивните кориснички или банкарски сметки може да бидат компромитирани и напаѓачот може да ги таргетира другите вработени во компанијата.
Слично на тоа, вработените со лоши практики за лозинка може да ја загрозат безбедноста на нивните сметки или доверливоста на чувствителните датотеки.
Секоја организација, независно од број на вработени, треба да има ефективната програма за подигање на свеста на вработените за значењето на сајбер безбедноста во работењето.
Овозможете им на своите вработени и раководен кадар да се стекнат со основите на сајбер-безбедност и научат многу повеќе, преку онлајн интерактивни обуки за сајбер безбедност овозможени од MKD-CIRT на lms.mkd-cirt.mk.
На официјалната ВЕБ-страница на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT ќе најдете и други корисни информации, упатства и насока за тоа како да ја подобрите сајбер безбедноста во вашата организација.