Атлантик Група финансираше селективно собирање на 1140 тони амбалажен отпад кој се рециклираше преку системот на Пакомак

Често се вели дека чистата животна средина е сечија обврска – без разлика каква е нашата улога во неа. Оставајќи позитивен пример зад себе, Атлантик Група и оваа година ја покажа својата општествена и еколошка одговорност преку финансирање на собирањето на 1140 тони амбалажен отпад кој беше испратен на рециклирање преку системот за рециклирање на Пакомак.

atlantik-grupa-finansirashe-selektivno-sobiranje-na-1140-toni-ambalazhen-otpad-koj-se-reciklirashe-preku-sistemot-na-pakomak-01.jpg

Овие две компании имаат многу различни одговорности и делуваат во различни индустрии, но нивната општествено-еколошка цел се базира на идентички вредности – обезбедување на здрава и чиста животна средина преку воспоставување на долгорочна, еколошка стратегија.

Атлантик Група е една од најголемите FMCG компании во регионот која има свој производен погон во нашата земја, каде се произведува популарното Гранд кафе, а нејзините брендови како Аргета, Кокта, Смоки, Најлепше Жеље и слично, исто така можете да ги најдете на домашниот пазар.

Во изминатите години таа воспостави успешна соработка со компанијата за управување со отпад Пакомак и на тој начин обезбедува дека отпадот од производство и од пакување завршува на вистинското место – онаму каде што секој реупотреблив материјал ќе се преработи и употреби како дел од нов предмет или амбалажа.

Според податоците обезбедени од базата на Пакомак, во изминатата 2021 година Атлантик Група финансирала собирање на 1140 тони амбалажен отпад и на тој начин „избриша“ голем дел од својот „јаглероден отпечаток“. Само за споредба: рециклирање на еден тон хартиен отпад е еднакво на зачувување на 17 дрвја, а рециклирање на еден тон пластика резултира во зачувување на 5,774 Kwh енергија, доволна за да се напојува со енергија едно просечно домаќинство скоро цели 9 месеци.

atlantik-grupa-finansirashe-selektivno-sobiranje-na-1140-toni-ambalazhen-otpad-koj-se-reciklirashe-preku-sistemot-na-pakomak-02.jpg

Заложбата кон рециклирање на употребените материјали и амбалажниот отпад значи и заштеда на големи количества енергија и средства потребни за да се произведат овие материјали, а преку пренамена и реупотреба на материјалите се поттикнува одржливоста на Атлантик Група. Ваквите еколошки пракси се применуваат на ниво на целата групација и претставуваат дел од политиката на компанијата.

Преку воспоставување на долгорочни одговорни пракси и здраво работно опкружување, Атлантик Група се залага за одржлив развој, и токму затоа уште одамна одлучи да преземе конкретни чекори за зачувување на животната средина, совесно и етичко користење на енергетските извори, правилно одложување на отпадните води и материјали, придружено со континуирана поддршка за локалната заедница. Дел од оваа иницијатива беше и приклучувањето на системот на Пакомак, преку која амбалажниот отпад и отпадот од производство се собира, селектира и потоа рециклира за да биде реупотребен.

Системот на Пакомак се протега низ територијата на целата земја и ги опфаќа сите компании што имаат обврска да го менаџираат својот отпад од пакување и што се свесни за својата општествена одговорност за обезбедување поздрава животна средина. Во рамките на Пакомак, новите компании-членки имаат еднаков третман како и компаниите-основачи. Собраниот амбалажен отпад финансиран од Атлантик Група претставува околу 4% од вкупниот собран амбалажен отпад на територијата на Република Северна Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg