Ги чисти свеќите од вишокот восок, светлата дома ги гаси по точен редослед – Дејвид Бекам раскажа за опсесивно компулсивното пореметување

„Чистам толку многу, што мислам дека мојата сопруга веќе не е среќна. Кога сите ќе си легнат, јас почнувам да шетам низ куќата, ги гасам светлата по точен редослед и ако е сè чисто, си легнувам. Секоја вечер пред спиење го вадам и вишокот восок што тече од свеќите и секогаш го чистам стаклото од свеќниците, бидејќи чадот на свеќата ги поцрнува... знам, чудно е“ - вака Дејвид Бекам раскажува за своето опсесивно компусливно пореметување (OCD) во документарниот филм на „Нетфликс“ кој ќе има премиера во текот на 2023 година.

gi-chisti-svekjite-od-vishokot-vosok-svetlata-doma-gi-gasi-po-tochen-redosled-dejvid-bekam-raskazha-za-opsesivno-kompulsivnoto-poremetuvanje-01_2_copy.jpg

Еден од најдобрите светски фудбалери, Дејвид Бекам (47) пред неколку години откри дека се бори со опсесивно компулсивно пореметување (OCD) и дека во нивниот дом, но и каде и да оди, сè мора да е под права линија за тој да може да престојува во некоја просторија или да заспие.

На „Нетфликс“ наскоро ќе почне да се прикажува документарниот филм за поранешниот британски фудбалер, а тука Бекам искрено зборува за својата состојба и за секојдневните предизвици со кои се соочува, пренесе „Daily Mail“.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Бекам признава дека поради својата состојба тој секој ден ги чисти свеќите од восокот што тече по нив, а дека во една прилика ѝ се развикал на Викторија затоа што го оставила соларникот на маса.

„Чистам толку многу, што мислам дека мојата сопруга веќе не е среќна. Кога сите ќе си легнат, јас почнувам да шетам низ куќата, ги гасам светлата по точен редослед и ако е сè чисто, си легнувам“, вели Бекам.

Тој открива дека мрази да гледа неред кога ќе стане наутро, но дека не може да поднесе и ако има искапен восок на свеќите.

„Не можам да замислам да слезам долу и да видам расфрлани чаши, чинии... Пред легнување го вадам и вишокот восок што тече од свеќите и секогаш го чистам стаклото од свеќниците бидејќи чадот на свеќата ги поцрнува... знам, чудно е“, додава Дејвид.

Не е првпат Бекам да зборува за своето опсесивно компулсивно пореметување. Низ годините тој неколкупати раскажуваше со какви предизвици се соочува секојдневно.

Во нивниот дом има три фрижидери – првиот е за пијалаци, вториот за храна, а третиот е за салати. Сè во фрижидерите мора да е наредено во права линија и да биде во парен број.

„На пример, ако земам лименка со пијалак и одеднаш се во непарен број, или мора да најдам уште една која ќе стои покрај лименката што останала или ќе ја фрлам“ – вели тој.

Дејвид не може да заспие во хотел ако сè не е под конец.

„Кога ќе влезам во хотелска соба, прво ги тргам сите книги, ливчиња и памфлети што се оставени низ собата – ги ставам во фиока за да не ги гледам. Сум се обидел да престанам, но не можам“.

Во една прилика фудбалерот призна и дека неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед знаеле за оваа негова состојба, па понекогаш му ги преместувале дресовите и патиките само за да го нервираат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
12-те најмоќни парови кои издоминираа на Мет Гала 2023 (фото) Пирс Броснан уште еднаш докажа дека е вљубен во сопругата како во младоста, Брук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg