Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мерил Стрип: Дента кога ми рекоа дека сум премногу грда за улога во Кинг Конг (фото)

Еден од негативните аспекти на филмската индустрија е површноста, па постојат повеќе проблеми и пречки со кои актерите секојдневно се соочуваат, а не се однесуваат само на нивните способности и таленти, туку и на нивниот изглед.

meril-strip-bila-premnogu-grda-za-da-ja-dobie-ulogata-na-king-kong-1.jpg

Така, во 70-тите Мерил Стрип по аудицијата, не ја добила главната женска улога во филмот Кинг Конг, не поради некоја добра причина како слаби актерски способности, арогантност, туку поради тоа што според продуцентите таа била „грда“.

Оваа ситуација, Мерил Стрип неодамна ја сподели на „The Graham Norton Show“ и на својот Фејсбук профил.

Сосема случајно се нашла на бината откако синот на продуцентот ја забележал во претстава која се одржувала тој период, па решил да ја однесе кај својот татко:

„Излегов на бината, таму го видов синот кој беше возбуден што носи нова актерка на сцената. Неговиот татко се сврте кон него и на италијански му рече: Зошто ми го носиш ова грдо суштество? Беше тешка информација за слушање, посебно поради фактот што сè уште бев млада и несигурна девојка“.

Наместо да истрча со плачење, се соочила, му објаснила дека разбира италијански и се извинила затоа што не е доволно убава за да биде во Кинг Конг.

На својот Фејсбук профил ја објавила фотографијата од моментот кога се враќала дома по аудицијата:

„Ова сум јас на пат кон дома по аудицијата за Кинг Конг каде ми кажаа дека сум „грда“ за да ја добијам улогата. Ова беше важен момент за мене. Овие зборови не ме уништија мене ниту моите соништа да станам актерка, туку ме натераа да верувам во себеси. Земав длабок воздух и реков: Жал ми е што ти мислиш дека сум грда за твојот филм, но според мене твоето мислење е едно во море од илјадници, а јас заминувам да побарам друго.“ – објаснува Мерил.

Денес таа зад себе има 3 освени Оскари и 19 номинации.

Би можело да ве интересира:

Прстенот со кој Бен се заколна на вечна љубов заминува во колекцијата на Џеј Ло – колку милиони „теж... Најскапиот прстен што некогаш го добила е од Марк Ентони, а на последниот прстен...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Џон Траволта емотивен за роденденот на синот, кој почина на 16 години по епилептичен напад: „Ќе те с... Денес би бил 33-иот роденден на Џет – синот на Џон Траволта и Кели Престон кој п...
Опседнат е со порнографија, најмил ПР агенција за да ја „уништи“ Блејк Лајвли: Факти за Џастин Балдо... Џастин Балдони има изјавено дека пред 15-тина години, бил присилен на секс од не...
Бен Афлек со нов имиџ и офарбана брада, Џеј Ло прави пауза од мажи: „Смачено ѝ е од разводи“ Додека Бен Афлек се подмладува со офарбана брада, Џеј Ло одлучила да направи пау...
Џастин Балдони за првпат се шета со сопругата - откако Блејк Лајвли го обвини за сексуално вознемиру... Тој ја нарекуваше сопругата „магична“ и постојано објавуваа фотки од семејната и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg