Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајкл Даглас открива како го спасил бракот со Кетрин Зита-Џонс

Мајкл Даглас и Кетрин Кетрин Зита-Џонс минувале низ тежок период во нивниот брак откако се венчаа пред 16 години. Сега актерот открива како успеале да го спасат бракот.

majkl-daglas-otkriva-kako-uspeal-da-go-spasi-brakot-so-ketrin-zeta-dzouns-01.jpg

Мајкл Даглас открива дека нивната врска е посилна од било кога и благодарение на што успеале да го спасат својот брак.

„Потребна беше работа и од двете страни“ - вели Даглас.

71-годишниот актер и неговата сопруга се венчаа во 2000-та година, но кратко се раздвоија во 2013-та година како резултат на преживеаниот стрес од ракот на актерот и биполарното растројство на актерката.

За време на едно интервју, Даглас открива како успеале да ја одржат врската: „Мислам дека не постои можност да се поправи една врска, ако едниот веќе се откажал. Сега мислам дека и двајцата сме помудри и понежни. Тоа доаѓа природно со времето“.

majkl-daglas-otkriva-kako-uspeal-da-go-spasi-brakot-so-ketrin-zeta-dzouns1.jpg

Мајкл исто така, се отворил и за односот со своите деца. Тој вели дека бил посветен родител на двете помлади деца од овој брак, но се кае што не посветил доволно внимание на најстариот син кој моментално е во затвор.

„Кога цело време си исполнет со обврски, не мислиш на многу работи, освен на реалноста која е директно пред тебе“ - признава тој.

Неговиот 37-годишен син е во затвор уште од 2010-та година поради проблеми со дрогата, а ќе остане таму до 2018-та година.

„Сега го гледам двапати месечно, бидејќи е поблиску до нас“.

Во меѓувреме, гледа да помине што е можно повеќе време со најмладите, додека има можност да го прави тоа.

„Поминаа 5 години и сè уште се чувствувам добро. Сега знам како да ги ценам работите во животот. Мотивиран сум и поодговорен. Моите деца можат да ми бидат внуци. Сакам да бидам тука за нив“ - заклучува тој.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотографии и видеа кои ѕвездите не сакаа да завршат во јавност Во 2021 година, на Инстаграм профилот на Клои Кардашијан случајно беше споделена...
Има 22 години постар сопруг и 6-месечно бебе: Доналд Трамп ја има најмладата портпаролка Привлечната русокоса, Каролин Левит од САД, Доналд Трамп ја нарекува паметн...
Опседнат е со порнографија, најмил ПР агенција за да ја „уништи“ Блејк Лајвли: Факти за Џастин Балдо... Џастин Балдони има изјавено дека пред 15-тина години, бил присилен на секс од не...
Хју Џекмен страсно ја бакнува новата девојка која е 20 години помлада од бившата сопруга (фото) Додека Хју Џекмен не може да ги тргне рацете од новата девојка, бившата сопруга ...
Не сакала да се мажи, но попуштила: Факти за единствениот брак на Вера Ванг, кој траеше дури 23 годи... Вера Ванг била во брак само еднаш, и тоа со бизнисменот Артур Бекер кој ѝ помогн...
„Заради него нема пријателки и не зборува со сестрите“: Зошто Кардашијанс го мразат сопругот на Корт... Според извор близок до Кардашијанс, никој од семејството не го сака сопругот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg