Линкин Парк објави ново видео 2 часа пред смртта на фронтменот Честер

Блиските и фановите на Линкин Парк се во апсолутен шок откако ноќеска се прошири веста за смртта на фронтменот Честер Бенингтон.

linkin-park-objavi-novo-video-2-casa-pred-smrtta-na-frontmenot-chester-01.jpg

41-годишниот Честер бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, нешто пред 9 часот наутро во четвртокот.

По истражувањето на околностите, утврдено е и објавено дека се работи за самоубиство.

linkin-park-objavi-novo-video-2-casa-pred-smrtta-na-frontmenot-chester-02.jpg

Според TMZ телото на Честер е пронајдено како виси во неговата спална соба, а прва го забележала неговата куќна помошничка, која и пријавила.

Откако гласините се проширија, пријателите и семејството на Честер изјавиле дека воопшто не очекувале, ниту забележале некои симптоми кои може да укажуваат на намера за самоубиство.

Пејачот има историја со зависност од дрога и алкохол, меѓутоа моментално бил во „среќен период“, според тврдењата на пријателите.

Честер имаше две сопруги и 6 деца од двата брака.

linkin-park-objavi-novo-video-2-casa-pred-smrtta-na-frontmenot-chester-03.jpg

Линкин Парк моментално планираше турнеја, со оглед на тоа што го издадоа новиот албум One More Light.

Последниот настап им беше на 7-ми јули во Бирмингaм, Англија.

А, само 2 часа пред да се прочуе веста за смртта на Честер, беше објавено ново видео:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Смртни случаи во Холивуд кои со децении се обвиени со мистерија Дали Мерилин Монро случајно или намерно се предозирала со лекови или, пак, била ...
Марлон Брандо и уште 6 познати личности чии деца извршија самоубиство Синот на Шинед О’Конор, но и синот на Марина Туцаковиќ кој почина во чудни околн...
Проституција, силувања – Мрачната страна на корејските поп ѕвезди Неколку корејски изведувачи имаат извршено самоубиство, додека некои се обвинети...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин? Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg