Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 приказни што ќе ви ја вратат вербата во човечноста на холивудските ѕвезди

Многу од ѕвездите прават добри дела, но само додека камерата снима и има кој да ги види, но овие 4 приказни се сосема поинакви.

4-prikazni-za-poznatite-shto-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-holivud-01.jpg

Холивуд, покрај сиот тој сјај и гламур, како сè почесто да не разочарува. Афери, дрога и обвинувања за сексуални вознемирувања...

За среќа, постои и добра страна на Холивуд, а овие неколку тврдења на фанови за познатите личности ќе ви ја вратат вербата во тоа.

Малите дела на добрина од страна на ѕвездите значат многу за фановите, па тие овие инспиративни мигови во нивниот живот ги објавија на Твитер.

Овојпат не зборуваме за донации по природни непогоди и посети на болни дечиња за кои знае целиот свет, говориме за дела направени кога апсолутно никој не гледа.

Робин Вилијамс

Една од најслатките приказни што се споделени по смртта на актерот е од тотален странец.

„Јас си плачев тивко во едно кафуле кога мајка ми почина. Робин Вилијамс го забележа тоа, ми ја плати сметката и ми шепна – работите најчесто стануваат полесни.“, @pantone 7605.

4-prikazni-za-poznatite-shto-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-holivud-05.jpg

Кејт Винслет

Актерката Кејт Винслет исто така понудила рамо за плачење некому.

„Кејт Винслет еднаш ме тешеше на аеродром откако јас се подготвував за лет накај дома по средбата со момчето. Без скршена, а таа беше толку слатка кон мене.“, напиша @pantone 7605.

4-prikazni-za-poznatite-shto-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-holivud-03.jpg

Џаред Лето

Изгледа дека секогаш кул супер ѕвездата е кул и кога е во паника.

„Џаред Лето на фестивалот Coachella дојде да помогне кога еден тип се онесвести откако испи премногу.“, напиша @letospurpose.

4-prikazni-za-poznatite-shto-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-holivud-04.jpg

Кери Фишер

Девојка откри дека актерката Кери Фишер ѝ дала мудрост преку Твитер кога ѝ требало најмногу.

„Доживеав нервно растројство и два дена потоа Кери Фишер ми се обрати среде ноќ со совет кој засекогаш ќе остане во мојата глава.“, @umathurmcns.

4-prikazni-za-poznatite-shto-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-holivud-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд Се запознале на снимање филм, па и покрај разликата од преку 30 години, двајцата...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg