Се разведе Илма Карахмет (25), талентираното девојче од X-фактор, кое се омажи на 18 години: „Психологот ми помогна“
- Детали
- петок, 16 мај 2025
„Кога се омажив, не размислував на начин 'Еј, имам 18 години, ќе се мажам', туку повеќе ми беше важно тоа што бев вљубена, среќна, се гледав со таа личност и немав што повеќе да чекам...“, ја започнува својата исповед Илма Карахмет.
Илма Карахмет е поп-пејачка од Босна и Херцеговина, родена на 2 мај 2000 година во Травник, а порасната во Кисељак.
Јавноста ја запозна во 2013 година, кога на само 13 години учествуваше во првата сезона на „X Factor Adria“.
Иако беше еден од фаворитите, беше елиминирана во полуфиналето.
Во 2018 година, Илма победи во музичкото шоу „RTL Zvijezde“, каде што го воодушеви жирито и публиката со изведби на песни од Кристина Агилера и Селин Дион.
Во јули 2018 година, на 18-годишна возраст, Илма се омажи за Седин Лакача, магистер по криминалистика, од кој сега откри дека се развела.
Во последните години, Илма привлече внимание и со својата физичка трансформација, губејќи 20 килограми и активно вежбајќи.
Во 2024 издаде албум со наслов „Крај е“, кој најверојатно го симболизира нејзиниот развод.
Илма го заврши средното образование во приватното училиште „Richmond Park School“ во Сараево, а потоа студирала англиски јазик и книжевност на „International Burch University“.
Таа неретко ја претставува Босна и Херцеговина на меѓународни фестивали во Германија, САД, Мароко, Турција, Романија и Белгија.
Сега, во неодамнешно гостување во босанскиот подкаст „Опет Лака“, Илма проговори за разводот.
Нејзината исповед за бракот и разводот на следната страница...
Би можело да ве интересира:





