Емина Јаховиќ по 7 години откри зошто се развела од Мустафа Сандал: „Имав 35 години, а страста исчезна“
- Детали
- понеделник, 23 јуни 2025
„Никогаш не сум се покајала што се разведов и благодарам на Бога што така се случи...“, ја започнува својата исповед Емина Јаховиќ (43) и открива како денес гледа на мажите. Taa издаде нов албум и позира посексапилна од кога било.

Емина Јаховиќ (43) беше гостинка во српската емисија „Сцена специјал“, каде покрај за новиот албум „Svitanje“, за децата, животот во Турција, проговори и за причините за нејзиниот развод од турскиот пејач Мустафа Сандал.

Пејачката по седум години откри зошто се развела од Мустафа:
„Никогаш не сум се покајала што се разведов и благодарам на Бога што така се случи.
На жените им советувам добро да размислат, особено кога има деца во прашање, затоа што можеби сакаат да се разведат поради некои глупави причини“.

Потоа, таа на прашањето дали причините за нејзиниот развод биле „глупави“, пејачката вели:
„Мојот развод не беше глупав, но не беше ни поради некоја ненормална причина.
Никој никого не изневерил или нешто слично, едноставно работите се изгасија.

Имав 35 години и да прифатиш на таа возраст да живееш во брак што нема страст и сила, хм... Не се работи само за физичка страст. Говорам за тоа и двајцата да се трудат подеднакво, да се компатибилни во сè.
Кај нас сето тоа некако се наруши.
И тоа почна уште три години пред да се разведеме.
