„Се разведов кога сфатив дека децата страдаат заедно со мене“ - Анабела Атијас откри детали за бракот со Гаги Џогани
- Детали
- недела, 14 декември 2025
„Тој Гаге, иако таму, всушност беше целосно отсутен. Имаше свои проблеми, тоа е болест, и повеќе не го осудувам затоа што сфатив колку е тешко да се разболиш од пороци. Му беше лошо, и можеби е подобро што не беше тука за нас“, вели пејачката и додава дека сама ги израснала децата.

Во времето кога Анабела Атијас беше на врвот на својата кариера, беше пејачка на популарниот бенд Fanky G, но и во брак со Гаги Џогани, со кого и го основаше бендот што ги прослави.
Тие долго време одлично функционираа и како љубовен и како музички пар, па многумина беа изненадени кога решија да стават точка на бракот.
Долго време потоа не комуницираа, но поради децата, од скоро, повторно се во пријателски односи.

Сепак, и бракот и разводот, оставиле трага на Анабела, па таа долги години по ова, се сеќава на работите кои ѝ го смениле животот, на тешките моменти и болката низ кои поминала.
Во своето последно интервју, во подкастот „Шок ток“, таа откри дека многу била погодена од лошите коментари поврзани со односот со нејзината ќерка, а зборуваше и за разводот низ кој поминала заедно со две мали деца.
Анабела вели дека одлучила да го прекине бракот кога сфатила дека е останата сама во бракот.

„Сфатив дека одам сама по еднонасочна улица со две мали деца и тогаш се скрши сè.
Тие почнаа да страдаат заедно со мене и веќе немав право да донесувам одлуки само во свое име.
Тој и самиот вели дека во тоа време не бил тука за децата. Тој Гаге што беше присутен во тој момент, всушност беше отсутен.
Имаше свои проблеми, тоа е болест, и повеќе не го осудувам затоа што сфатив колку е тешко да се разболиш од пороци.
Му беше лошо, и можеби е подобро што не беше тука за нас. За среќа, мајка ми беше таму која не дозволи на моите деца ништо да им недостасува“, вели таа.

Пејачката се присети и на самиот почеток на нивната соработка, кога ја издадоа песната Samo u snu, а таа живееше како бегалец во Шведска.
„Гаге имаше замислено сценарио дека ќе стане ѕвезда и ќе го наполни Сава центар, а јас тогаш бев во фазон: ‘Ма слушај го, немаме леб да јадеме’, ама на крајот сè се случи така.
Но, во тоа време бев бегалец во Шведска, немав пари, а кога ми испрати 5 илјади марки, веднаш отидов на шопинг“, раскажува таа.

Признава и дека ѝ е најтешко да зборува за нејзината мајка, која останала да живее во Шведска, а на која не може да ѝ врати за љубовта и вниманието што им ја давала на неа и на нејзините деца.
„Дури кога ќе стигнеме на одредена возраст сфаќаме колку ни недостигаат нашите родители, таа сега е некаде таму осамена, а и јас.
Многу ми недостига, таа е мојата рак-рана. Не сака да дојде во Белград и повеќе е приврзана кон Шведска, тука би била странец“, кажала во интервјуто.

Погледнете го целото видео:
А. Ј. | Црнобело
